vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Апатурај: Реално е членство на Македонија во НАТО во 2019 година

ECA

НАТО посветува поголемо политичко внимание на Западен Балкан отколку во претходните години, а она што е позначајно и поконкретно е политиката на „отворени врати“, која ќе биде применета на Македонија по решавањето на спорот околу името со Грција, изјави денеска Џејмс Апатурај, заменик-помошник генерален секретар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика.

Во интервју за порталот „Јуропиан вестерн Балканс“, Апатурај изјави дека е 100 отсто реално Македонија да се приклучи кон Алијансата со новото име.

– Нашата политика е многу јасна: ако се успее да се реши проблемот со името, можеме да одиме напред со процесот на пристапување, вели Апатурај.

– Ние веќе започнавме со пристапните разговори пред неколку месеци за разјасниме кои се проблемите, во смисла на чекорите што треба да се преземат за придонесите и другите технички прашања, но политичкиот чекор е очигледно Преспанскиот договор. Кога ќе биде имплементиран од страна на двете страни, ќе продолжиме со процесот на пристапување. Сепак, и за тоа е потребно време, па не знам кога ќе заврши. Мислам дека просечното време во изминатите децении беше помеѓу 12 и 18 месеци. Периодот е долг, не поради процедурите на Алијансата – кои се доста брзи, туку поради неопходната ратификација во парламентите на земјите-членки на НАТО, истакна Апатурај за „Јуропиан вестерн Балканс“.

Loading...

Related posts