vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Арсовски: Државата економски пропаѓа, Анѓушев веднаш да си поднесе морална оставка

ECA

Вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев треба да си поднесе оставка од морални причини веднаш. Крајно време е тој да направи нешто позитивно за Македонија и за граѓаните на Република Македонија, ова денеска на прес копнференција го потенцираше Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Одговорност за економското пропаѓање на државата мора да има. Не смее целиот товар за неспособноста на актуелната власт да го плаќаат граѓаните. Колку порано си замине Кочо Анѓушев, толку е помала цената која што ќе ја платат граѓаните. Македонија за жал е на дното во Европа по растот на БДП. Извештајот на заводот за статистика е поразителен за целата држава и покажува со какво темпо неспособната Влада на Зоран Заев ја влече државата кон економски колапс. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, БДП во првиот квартал од 2018 година, стагнирал, односно забележал раст од минимални 0,1%, жално. Тоа е истиот оној квартал за кој не лажеа Заев и Кочо Анѓушев дека влегле стотици милиони нови странски инвестиции и економијата цветала. Тоа е истиот оној квартал кога СДСМ ја задолжи целата држава и сите граѓани за нови 300 милиони нето долг, вели Арсовски.

Тој додава дека ако на крајот од 2017 година причината за лошиот резултат на БДП беше политичката криза и немањето доволно време на Владата на СДСМ да реализира проекти, што ли ќе излажат сега, кога целата јавност гледа дека неспособната Влада на СДСМ не може да реализира ниту еден единствен проект од ветените проекти од предизборието.

-Република Македонија споредено со сите останати земји во регионот, за жал е убедливо на дното. Па така ако земеме пример растот во првиот квартал од 2018 година во соседна Србија и во Словенија е 4,6% или за 46 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот на БДП во Бугарија е 3,5% или за 35 пати поголем од растот на БДП во Република Македонија. Растот во Хрватска е 2,5% или за 25 пати поголем споредено со нашиот раст на БДП. Граѓаните живеат во беда, сиромаштија и во огромни долгови благодарение на неспособната Влада на СДСМ. Стопанството и приватните фирми имаат пад во нивното работење. Градежништвото не било никогаш полошо од сега. Над 7.000 текстилни работници се пред отказ. Голем број на фирми немаат земено плата со месеци благодарение на неспособноста на СДСМ. Земјоделието и земјоделците трпат ненадоместливи штети. ИТ секторот е во загрижувачка кондиција. Се е во хаос и во слободен пад надолу, истакна Арсовски.

Тој додава дека единствено што работи оваа неспособна Влада на СДСМ е распродавањето на државните и националните интереси, грубо партизирање на државата и вработување на партиски војници, и полнење на личните семејни сметки и џебови. Додека граѓаните се плашат како ќе преживеат утре, функционерите на СДСМ и нивните блиски бесрамно работат само за личниот интерес и за полнење на сопствените џебови.

-Ова лудило мора да престане. Криминалниот картел на Зоран Заев, кој се однесува како Влада во обид, мора да се разбие и да падне. Неспособни се, немаат визија и не знаат како! Така да доста е!, заврши Арсовски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts