Uncategorized

Ахмети: Нема враќање назад

ECA

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порача дека нема враќање назад и дека Талат Џафери е легитимен и признат претседател на Собранието на Македонија.

Ахмети изјавата ја даде по средбата со заменик помошникот државен секретар на САД, Хојти Ји, кој за првпат откако доаѓа во Македонија, а средбите ги одржуваше на безбедна оддалеченост, во резиденција во Бардовци.

„Изборот на новиот претседател на Собранието е направен на легален и легитимен начин. Трајко Вељаноски веќе нема ни морални ни законски права да повика на нова седница зошто во Собранието има законски формирано мнозинство“, порача Ахмети повикувајќи ги тие што го спорат изборот да ја признаат реалноста и да го признаат Талат Џафери за нов спикер.

Тој се заблагодари на поддршката и признавањето на новиот спикер од страна на САД и ЕУ.

“Треба да се вратиме на целосно градење на институциите во земјата. Имаме голем интерес да ја вратиме земјата на вистинскиот пат“, рече Ахмети, заклучувајќи дека на Македонија во овој момент најмногу од се и треба стабилност..

TOCKA

Loading...