vesti24.mk
ЗАБАВА

БЕЗ ШЕГА: Убавите жени се опасни по здравјето

ECA

Научно објаснето истражување спроведено од Универзитетот во Валенсија, наведува дека само пет минути поминати во друштво со убава жена кај мажите го зголемуваат нивото на кортизол и хормонот за стрес.

Наводно овој ефект бил посилен доколку во друштво на мажи се наоѓа жена која е „надвор од нивната лига“.

Истражувачите анкетирале 84 студенти, така што во поединечно и во одвоени соби решавале судоки загатка. Две непознати лица, еден мажи и една физички привлечна жена исто така биле во собата.

Во моментот кога жената ја напуштила собата, а мажите останале да седат заедно нивото на стрес хормонот кај испитаникот не пораснал. Меѓутоа кога испитаникот останал сам во собата со жената, нивото на кортизол растел.

-Во оваа студија тргнавме од претпоставка дека најголем дел од мажите во друштво на убава жена имаат чувство дека тоа е идеална можност за додворување. И додека некои мажи ги избегнуваат убавите жени бидејќи сметаат дека не можат да и се доближат и да ја освојат, најголем дел од мажите ќе имаат одредена хормонска реакција, објаснува студијата.

Истражувањето покажало дека нивото на кортизол кај мажите се зголемува само пет минути по краток социјален контакт со млада, привлечна жена.

Кортизол во мали дози може да има позитивен ефект, но хронично зголемен кортизол го загрозува згравјето и влијае на срцеви болести, дијабетес, хипертензија и импотенција, пренесуваат медиумите.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts