Uncategorized

Белорусија ја изврши првата смртна казна оваа година

ECA

Белорусија – Сергеј Вострикау виден во кафез за обвинети во Гомел во мај 2016 година.

Белорусија ја спроведе првата смртна казна оваа година, се вели во извештаи. Во извештај објавен на интернет страницата на белорускиот центар за човекови права „Вјасна“ се вели дека жителот на Гомел Сергеј Вострикау – кој бил прогласен за виновен за силување и убиства, вклучилено и екстремна бруталност, најверојатно била извршена смртна казна минатиот месец.

„Претставници на Групата на активисти за човекови права против смртната казна во Белорусија дознаа дека смртната казна на жителот на Гомел Сергеј Вострикау била спроведена. Неговата мајка добила релевантен извештај од регионалниот суд во Гомел“, објави организацијата на нејзината веб страница.

Белорусија останува единствена земја во Европа која се уште спроведува смрна казна. Европската унија излезе со извештај во кој силно се противи на најстрогата казна во сите околности.

Извор:slobodnaevropa.mk

Loading...