vesti24.mk
Uncategorized

Бензините поскапуваат за денар, дизелот за …

ECA

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64 денари, а 66 денари ќе се плаќа за литар ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 50,50 денари, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,130 денари по килограм и ќе изнесува 26,382 денара.

Малопродажните цени на нафтените деривати, согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,91 процент.

РКЕ ја утврди новата цена на бензините врз основа на движењата на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и курсот на доларот во однос на денарот.

Loading...