vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Бесплатно собирање електронски и електричен отпад во Општина Карпош

ECA

Искуството на жртвите за пријавување семејно насилство во Центарот за социјални работи покажува дека правилата за постапување во случаи на семејно насилство не се почитуваат од страна на социјалните работници. Нивниот однос кон жртвата е често субјективен и непрофесионален, што е недозволиво имајќи го предвид фактот дека ова е една од примарните институции со кои се соочуваат жртвите на семејно и родово базирано насилство, наведува Хелсиншкиот комитет во извештајот за ноември.

Ваквиот однос, велат од таму, предизвикува обесхрабрување на жртвата и претставува ограничување на правото на користење на заштитните механизми во случаи на семејно насилство. Хелсиншкиот комитет ја потенцира потребата од информирање на жртвите за бесплатните услуги што ги нудат невладините организации – бесплатното правно советување и правна помош, како и придружба пред надлежните институции во постапките за заштита од семејно насилство.

„Во месец ноември три жени пријавија во Хелсиншкиот комитет за човекови права дека се жртви на одредени форми на семејно и родово базирано насилство. Правниот тим на странките им обезбеди правно советување и им даде правна помош. Во еден од случаите странката беше придружувана од претставничка на Хелсиншкиот комитет во Центарот за социјални работи. Таму странката се соочи со отпор од страна на социјалниот работник во моментот на пријавување на семејното насилство. Имено, странката е жртва на семејно насилство од бивш партнер со кој никогаш не делела заедничко живеалиште. Социјалниот работник не сакаше да ја прифати пријавата со образложение дека не може да станува збор за семејно насилство во случаи кога сторителот и жртвата не живееле заедно. Претставникот на правниот тим на Хелсиншкиот комитет им посочи на социјалните работници во Центарот дека тоа е спротивно на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, каде што семејното насилство е дефинирано како:’малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви за дејстви, меѓу другото, и помеѓу лица кои се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не’.По половина час, социјалниот работник ја прими пријавата за семејно насилство, притоа однесувајќи се непрофесионално и некоректно кон жртвата за времетраењето на целата постапка“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Во месечниот извештај за ноември на Хелсиншкиот комитет пишува дека Основниот суд Скопје 2 Скопје на 18 октомври донесе решение за изрекување привремени мерки за заштита од семејно насилство. Предлогот бил поднесен од страна на жртвата на 20.08.2018 година, против сторителот на семејно насилство со кој била во блиски партнерски, лични односи.

„Иако решението е донесено надвор од законски предвидениот рок, сепак претставува позитивен пример во судската пракса кој треба да го почитуваат не само судовите туку и сите останати институции коишто се соочуваат со жртви на семејно насилство од лице со кое биле во блиски лични односи, без разлика дали делеле заедничко живеалиште или не“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Loading...

Related posts