vesti24.mk
ЗАБАВА

Бидете со некој кој ќе ве остави да заминете…

ECA

Понекогаш, врските не успеваат. Без оглед на трудот или жртвите кои ги правиме, понекогаш другата личност едноставно нема да може да ни возврати.

И тоа не значи дека врската не била прекрасна. Тоа не значи дека не била важна. Едноставно значи дека од некоја причина, врската не фукнционира. Значи дека од некоја причина, врската не се движи во правецот во кој треба да се движи.

Затоа, бидете со некој кој ќе ве остави да си заминете кога ќе треба да си заминете. Бидете со некој кој ќе ве остави да си заминете кога ќе кажете дека време е да си одите. Бидете со некој кој ве остава да си заминете дури и кога тоа е најтешката работа којашто некогаш сте ја направиле.

Ако на таа личност некогаш сте и значеле, тогаш таа личност ќе дозволи да си заминете. И тоа не е затоа што тие сакаат да си заминете. Тоа е затоа што сакаат да бидете среќни и ако вашето заминување е тоа што ве прави среќни, ќе ве остават да заминете.

Бидете со некој кој ве остава на мир. Кој не се обидува да ве моли да останете. Кој не ви пишува и кој не ви се јавува секој ден, обидувајќи се да ве натера да се смирите.

Бидете со некој кој ве остава на мир. Кој дозволува да го правите тоа што треба и сакате да го правите. Дури и ако тоа ги боли.

Бидете со некој кој ве почитува доволно за да не трча по вас кога ќе си заминете. Некој кој ве сака доволно и дозволува да си го следите срцето.

Бидете со некој кој верува во секој дел од вас.

Бидете со некој кој знае дека никогаш нема намерно да му наштетите. И бидете со некој кој сфаќа дека никогаш не би ги повредиле и покрај се. Бидете со некој кој знае дека морате да си заминете.

Бидете со некој кој сфаќа дека кога велите дека треба да си заминете дека тоа и го мислите.

Бидете со некој кој никогаш нема да се сомнева во вашата добрина. Заљубете се во човек кој го познава вашето срце. И заљубете се во некој кој ќе знае колку е посебно вашето срце. Заљубете се во некој доволно силен кој ќе може да ве пушти да си одите. Да ве остави да си одите.

Затоа што тие ќе знаат дека ако ви е судено, ќе се вратите.
А ако не ви е судено, ќе ви се заблагодарат затоа што не сте ја продолжувале нивната болка.

Бидете со некој кој ве остава да си заминете. Дури и кога ги боли душата. Бидете со некој кој има сила да ве пушти да си заминете.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts