vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Бикот да внимава со благото, Лавот размислува на поранешниот партнер

ECA

ОВЕН

Ве очекува контакт со претставниците на медиумите низ кој ќе оставите одличен впечаток. Одредена личност ви е во мислите. Проблем е што не е слободна, така да не превземате ништо. Стабилно здравје.

БИК

Фокусирани сте на новите работни планови. Ги држите во тајност и не сакате никој да ги копира вашите идеи. Покажувате интерес за личност која не живее во вашето место. Одалеченоста ја гледате како проблем. Ограничете го јадењето благо.

БЛИЗНАЦИ

Во фаза сте на реализација на работни идеи кои самите сте ги смислиле. Задоволни сте затоа што даваат очекувани резултати. Се мислите да и пријдете на симпатијата и да и предложите врска, затоа што се плашите дека ќе ве одбие. Болки во кичмата.

РАК

Вашето залагање, пристап кон работата и успесите се приметени од страна на надлежните органи. Добивате нови обврски и голема одговорност. Во целост се посветувате на саканата личност. Неопходна ви е емотивна сигурност. Стабилно здравје.

ЛАВ

Во целост сте сконцентрирани на работните обврски. Се се одвива онака како што сте планирале.Во мислите ви е поранешниот партнер. Немате храброст да му се јавите.: Задволително здравје.

ДЕВИЦА

Целосно сте изненадени од ситуацијата на работа. Резултатите се далеку од очекуваните, што ви делува неверојатно. Не е јасно што се случило. Ве интересира мислењето на партнерот околу заминување во странство. Нервите се чувствителни.

ВАГА

Работната ситуација е стабилна и се се одвива на вообичаен начин. Уживате во работата и во можностите кои ви ги пружа. Имате погрешен пристап кон партнерот. Пробувате да му наметнете правила кои тој одбива да ги прифати. Солидно здравје.

ШКОРПИЈА

Конечно, го решавате проблемот кој долго ве мачел. Многу сте среќни поради тоа. Одржувате редовна комуникација со симпатијата. Не сакате да влезете во врска набрзина. Проблеми со штитната жлезда.

СТРЕЛЕЦ

Запознавате личност од својата струка. Имате впечаток дека може да остварите задоволителна заедничка соработка. Не сте сигурни дали треба да покажете отворен интерес кон симпатијата, затоа што ви е колешка (колега). Ограничете го внесувањето на храна.

ЈАРЕЦ

Не сте задоволни од финансиите и сте во потрага по спонзор. Одличен ден за потпишување соработка за спонзорство. Максимално уживате во врската и се посветувате на партнерот. Можен е пад на расположението.

ВОДОЛИЈА

Не сте задоволен како се одвива соработката со странците. Ве загрижува што не наоѓате заеднички јазик. На емотивното поле нема нови случувања, освен некои необврзувачки комуникации. Стомакот е чувствителен.

РИБИ

Фокусирани сте на работните обврски и ги завршувате во рок. Приливот на финансии дополнително ве мотивира да продолжите со исто темпо. Брачниот однос е стабилен и ви пружа да останете мирни. Можни проблеми со спиењето.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts