vesti24.mk
ЗАБАВА

Била во кома, а нејзиниот син секојдневно ја посетувал- по 28 години следувало шок за целото семејство!

ECA

Жена ја вратила својата потполна свест по 28 годишна вегетативна состојба, која е слична на комата, но во неа пациентите можат да реагираат на чувствата.

-Никогаш не се откажав од неа бидејќи секогаш имав чувство дека еден ден ќе се разбуди, вели синот на Мунира Абдулле, Омар Веибар за светските медиуми.

Неговата мајка претрпела тешко оштетување на мозокот по сообраќајна несреќа во Соединетите Арапски Емирати во 1991-та година, кога тој имал само четири години, а неговата мајка го зграпчила откако школски автобус удрил во нивното возило.

Со својата сестра тој претрпел само мал дел на повреди додека неговата мајка која тогаш имала 32 години претрпела сериозни повреди на мозокот, а во болница е однесена неколку часа подоцна.

Пред две години принцот на Абу Даби му понудил на Омар неговата мајка да ја однесе во Германија на лекување, но лекарите предност им дадоа на физикалните терапии и лекови за будење од комата.

Веибер вели дека овие лекови и помогнале на неговата мајка да биде поосетлива, а година дена подоцна во нејзината соба доживеал шок.

-Извикуваше чудни звуци и постојано викав доктори да ја прегледаат, но тие секогаш ми викаа дека се е нормално. Три дена по последниот ваков настан се разбудил во собата во која спиел покрај неговата мајка откако некој го викнал по име. Тоа беше она! Ме викна и излетав од среќа, со години сонував за овој момент, а моето име беше првиот збор што го кажала таа, вели синот.

Тој вели дека причината поради која ја споделил оваа приказна е за да им порача на луѓето да не ја губат надежта кога во прашање се нивните блиски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts