ЗАБАВА ЗДРАВЈЕ

Бил многу дебел и не излегувал од дома: Денес има тело по кое жените воздивнуваат, а мажите му завидуваат (ГАЛЕРИЈА)

ECA

Кога ќе погледнете како изгледа овој маж денес, нема да можете да поверувате како изгледал порано.

Неговото име е Умар Малик и сега изгледа како принц од бајките, но тоа не било отсекогаш така. Пред само неколку години, тој воопшто не бил ниту здрав, ниту изгледал атрактивно.

Неговата приказна е доказ за огромниот труд којшто треба да го вложи секоја личност којашто сака да има идеално тело.

Умар израснал во семејство во коешто возрасните ги мотивирале децата да јадат многу храна. Тој отсекогаш има голем апетит и сакал да биде послушно дете. Кога пораснал, тој сè уште ја имал истата навика да јаде големи количини.

До 2014-та година, ова момче консумирало по 7.000 калории дневно. Секое утро за појадок јадел 10 тоста и 8 јајца и никогаш не си поставувал лимити кога станувало збор за јадење благо, чипс или пиење газирани сокови. Ваквиот начин на исхрана довел до тоа тој да носи број на облека 5XL, на возраст од само 26 години.

Згора на тоа, тој не ни можел да се измери на вагата бидејќи таа не можела да ја измери неговата прекумерна тежина. Воедно тој имал тешкотии да пронајде облека за неговата тежина. Кога бил тинејџер, тој ја носел облеката на татко му. Неговиот најголем проблем во врска со тежината, било тоа што не се чувствувал доволно удобно за да излезе надвор во светот и да се социјализира со други луѓе.

Еден ден, во 2014 година, додека Умар се туширал во неговиот дом, подот од туш-кабината едноставно се скршил бидејќи не можел да ја издржи неговата тежина, а водата протекла кон кујната. Овој немил настан за него претставувал моќен аларм за будење, кој му посочил дека е редно време да го смени својот животен стил.

Од 2015-та година Умар започнал активно да посетува сала за вежбање, каде што комбинирал кардио тренинг со бодибилдинг. Вежбал заедно со личен тренер којшто му помогнал да следи програма за намалување на тежината и да остане мотивиран да вежба напорно, секој ден.

Покрај активниот секојдневен тренинг, Малик значително ги сменил и своите навики околу исхраната, па го намалил консумирањето калории на 3.000 дневно. Исто така, сега тој јаде 6 мали контролирани оброци во текот на денот. Неговата исхрана генерално се состои од пилешко месо, зрнесто овошје, зеленчук, лосос и друга здрава храна.

Пред да се погрижи за своето здравје и тело тој тежел 180 кг, имал струк широк 140 см, носел број на облека 5XL и имал 35-40% масти во телото. Денес тој тежи 130 кг, струкот му е широк 83 см, носи 2XL облека и има 10-12% масти во телото.

„Без разлика што и да посакате да остварите во животот, сè што ви е потребно, е малку верба. Верба во себеси, верба во вашите способности и верба дека располагате со доволно сила, за да ги реализирате вашите амбиции“, вели тој.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts