vesti24.mk
ЗАБАВА

Би го пробале ли најскапиот помфрит на светот – неговата цена го впиша во Гинисовата книга на рекорди

ECA

Сласен, крцкав помфрит – омиленото јадење за многумина, поради многу причини.

Првата причина секако дека е фантастичниот вкус, а како втора може да ја наведеме едноставната подготовка, додека пак како трета пристапната цена.

Иако првите две ставки во ова наше тврдење се вистинити, за цената дефинитивно може да се дискутира, барем доколку за неа прашате во „Serendipity3“, познат њујоршки ресторан кој нуди помфрит по цена од 200 долари – „Crème de la crème pommes frites“.

Овој ексклузивен помфрит неодамна влегол и во Гинисовата книга на рекорди поради својата неверојатна цена, носејќи ја титулата за најскап помфрит во светот.

Се подготвува во чест на прославата на Националниот ден на помфритот – 13 јули, а компирчињата се дело на шефот Џо Калдероне, креативен директор на споменатиот ресторан и шефот Дредерик Шон-Киверт, корпоративен извршен директор на ресторанот.

За да ја достигнат неверојатната цена, компирчињата се подготвуваат од Chipperbeck компири кои се бланширани во Dom Perignon шампањ и J. LeBlanc French Champagne Ardenne. Потоа три пати се пржат во чиста густа маст добиена од гуски одгледани на југот од Франција.

Потоа помфритот е зачинет со една шолја Guerende Truffle која рачно се добива од истоименото место во Франција, масло Urban Summer Truffle. Grete Senesi Pecorino Tartufello, кое е направено од овчо млеко и Black Summer Truffles.

Коментирајќи го своето ремек-дело, Џо Калдероне изјавил: „Чест ни е што сме препознаени од страна на Гинисовата книга на светски рекорди поради нашата креација, односно најскап помфрит на светот и се радуваме на креирање на уште подекадентни јадења во иднина“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts