vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ СВЕТ

Богаташка од Кувајт тврди дека Филипинските “слуги” не треба да имаат слободен ден ниту пасоши во себе

ECA

Инстаграм ѕвездата од Кувајт, воедно и мејкап артистка Сондос Алкатан ја следат повеќе од 2,3 милиони следбеници, но се најде на удар на критики откако се пожали на новиот закон со кој се подобрува положбата на вработените од Филипините кои работат во куќите на богатите во Кувајт.

На Сондос и пречело тоа што “слугите” ќе имаат по еден слободен ден во текот на неделата и дека смеат да си ги чуваат пасошите.

На социјалните мрежи таа објави видео во кое го искажа својот револт.

“Како може да имате дома “слуга” кој го чува својот пасош во себе? Што е најлошо, добиваат еден слободен ден во неделата. Ако побегнат назад во својата земја, кој ќе ми ги врати парите за нив. Искрено, не го поддржувам тој закон. Не сакам слугинка од Филипините”, вели таа.

Кувајт е земја сместена помеѓу Ирак и Саудиска Арабија која во месец мај донесе закон со кој се подобрува положбата на работниците од Филипините. Законот е донесен после неколку месеци затегнати односи помеѓу двете држави поради тоа прашање.

Во февруари во Филипините им беше забрането на своите жители да патуваат во Кувајт откако 29 годишната Филипинка беше пронајдена мртва, која била убиена и осакатена во еден напуштен стан во таа блискоисточна држава.

Сондос соработувала со MAC и Max Factor, оние кои ја искритикуваа бараат од големите компании да ги раскинат договорите со неа.

извор:точка.ком.мк

Loading…
Loading...

Related posts