vesti24.mk
Uncategorized

Бред Пит во својата прва фотосесија за списание по разводот со …

ECA

Поминаа повеќе од седум месеци откако беше објавена веста дека златната двојка на Холивуд се разведува. По тешкиот период поминат подалеку од очите јавноста, Бред Пит се враќа во светот на шоу-бизнисот.

53-годишниот актер ја сними својата прва фотосесија за списание по разводот со Анџелина Џоли, добивајќи не една, туку три насловни страници на летното издание од машкото списание GQ, посветено на стилот. За списанието, славниот холивудски шармер го даде и првото интервју по разделбата со Џоли

Во интервјуто, кое сè уште не е објавено, Пит зборувал за љубовта, загубата, татковството и како тој продолжил со својот живот по распаѓањето на бракот.

Бред и Анџелина беа во врска повеќе од една деценија пред да ја крунисаат својата врска со венчавка на 23 август 2014 година. 41-годишната актерка поднесе документи за развод во септември минатата година.

Фемина

Loading...