vesti24.mk
ЗАБАВА

Британски биолози jа снимиле бојата на смртта

ECA

Научници од британскиот Универзитет на Лондон тврдат дека ја снимиле бојата на смртта, а тоа е сината, објави списанието „Плос бајолоџи”.

Раководителот на проектот, проф. Дејвид Џејмс снимил клетки на црви во мигот кога смртта настапува. Според него, претпоставките говореле дека тој процес води кон хемиска реакција и можно е да има боја.

Така, прекинот на меѓуклеточните врски, наречен некроза, предизвикал „сина реакција“.

Натаму, претпоставките говорат дека доколку се успее во тоа да се блокира таа комуникација, каде „клетките си соопштуваат меѓу себе дека смртта настапила“, тоа може да го одложи почетокот на некрозата, која започнува две-три минути по запирањето на срцето. – Така лекарите би имале повеќе време да ги реанимираат пациентите, нагласува Џејмс.

Тој додава и дека при експериментите, тимот научници успеале да го забават процесот на смртта кај примитивните организми.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts