ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

ВатсАп падна: Апликацијата не фукнционира во повеќе делови од светот (ФОТО)

ECA

Апликацијата за комуникација ВатсАп не функционира во некои делови од светот, јавуваат корисници од повеќе држави во Европа, Јужна Африка и југоисточниот дел на Азија.

Корисниците имаат проблем да се конектираат на апликацијата, но и да испраќаат и примаат пораки, соопшти „Down Detector“, интернет страница која во реално време ги надгледува проблемите на ваквите апликации и севериси.

Многу корисници на социјалните мрежи го искажуваат своето незадоволство со работата на апликацијата која е во сопственост на Фејсбук. Засега од ВатсАп немаат испратено соопштение до јавноста за да кажат на што се должат овие проблеми.

Апликацијата ја користат повеќе од 1 милијарда луѓе во повеќе од 180 земји. Во почетокот беше алтернатива на СМС-пораките, а во 2014. беше купена од страна на Фејсбук, но продолжи да работи како независен сервис.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts