vesti24.mk
ЗАБАВА

Вашето дете има замислено пријателче? Не грижете се!

ECA

Родителите често се загрижени кога ќе забележат дека детето долго разговара и си игра со замислено пријателче. Во минатото за тие деца се сметало дека се склони кон психопатолошки симптоми. Но, всушност, тој вид на пријателство има улога во полесно адаптирање на многу животни ситуации.

Замислените пријателчиња најчесто се јавуваат на возраст меѓу две и три години. Некои истражувања покажуваат дека секое трето дете има замислено пријателче на оваа возраст. Една од нивните улоги е надоместување на вистински, жив пријател во играта, но и начин како полесно да се соочат со стравот и непознатото. Таков пријател е многу повеќе од тоа, играта со него му овозможува на детето вежбање на социјални контакти и ја олеснува комуникацијата.

Тој пријател е можност детето да го наполни својот свет со луѓе во оној момент кој е прифатлив за него, да вежба комуникација и да фантазира. Иако не прв поглед не изгледа така, детето многу добро го разликува за измисленото пријателче од реалниот свет, и самото знае да каже дека тоа постои единствено во играта и во фантазијата.

Децата кои дома си играат со замислено пријателче во градинка се покреативни, искажуваат повеќе позитивни емоции во текот на играта и подобро соработуваат со другите деца и со воспитувачките.

Во игрите се помалку агресивни, особено момчињата. Уште еден позитивен резултат кај децата со замислено пријателче е што помалку гледаат телевизија.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts