vesti24.mk
Uncategorized АВТОМОБИЛИ ТЕХНОЛОГИЈА

(ВИДЕО) БМВ со провокација до Мерцедес: Купувачи, не се задоволувајте со обичното…

ECA

Од баварскиот производител деновиве со новата реклама за Х2 испратија „мала провокација“ до својот најголем ривал – Мерцедес.

На најновата реклама која што е објавена на официјалниот профил на БМВ на Фејсбук, може да се видат три SUV модели на Мерцедес, по што се појавува новиот Х2 на БМВ, а возачот на БМВ-то испушта микрофон како вид на понижување за автомобилите на Мерцедес.

Рекламите со ваква тематика стануваат се почести во автомобилската индустрија која што секојдневно се повеќе се насочува на социјалните мрежи. Не се сомневаме дека наскоро и од Мерцедес ќе одговорат на ваквата „провокација“ на БМВ.

Според аналитичарите, возможно е дури и да станува збор за заеднички финансирана „маркетиншка војна“ помеѓу двете германски компании, со цел што е можно повеќе да се сврти вниманието кон нивните „провокации“.

Како и да е, за пошироката јавност ваквите реклами се прилично забавни.

Don’t settle for the ordinary, when you really want the bling.Be the one who dares. The first-ever BMW X2.

Posted by BMW on Tuesday, May 22, 2018

Loading…
Loading...

Related posts