vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Две опомени, па бркање од домот за студентите кои ќе фрлаат ѓубре во „Пелагонија“

ECA

Две опомени, парична казна и по трет пат ќе следи исклучување за студентите кои ќе бидат фатени како фрлаат ѓубре од прозорци во дворот на домот „Пелагонија“. Директорот Бурим Муртезани, вели дека не се точни информациите дека студентите се вклучиле во акцијата. Тој вели дека екипите на Комуналана хигиена заедно со вработените од домот ги исчистиле депониите од паркот зад женската зграда на домот. Додава дека и до сега опоменувале студнети кои несовесно се однесувале, но им прогледувале низ прсти , затоа што доаѓаат од социјално загрозени семејства и немаат каде да престојуваат за време на студиите. Од денеска ќе се применуваат новите казнени мерки, категоричен беше Муртезани.

„Планираме да поставиме видео надзор со неколку камери кои ќе го снимаат од сите страни на студенскиот дом. Оваа мерка моравме да ја преземеме отакако неколку пати се соочуваме со купишта смет под прозорците на студентските соби. За оние кои ќе бидат затечени како фрлаат отпат првично ќе бидат опоменати, а доколку не се подобри нивното однесување ќе бидат испишани од домот“, вели Муртезани.

Механизацијата на „Комунална хигиена“ и денеска беше на терен. Велат дека од дворот ќе биде изнесен кабастиот отпад и шутот кој се собирал со месеци.

„Исчистен е дворот, но ние ќе останеме на терен се додека не се исчисти целиот шут. Има стар инвентар од реновирањето на домот. Затоа ние апелираме граѓаните и институциите да не известат и навремено да го собереме“, рече Абдусамет Шабани, директор на ЈП“Комунална хигиена“.

Во акцијата се вклучи и Градот Скопје, иако како што кажа градоначалникот Шилегов, чистењето на студентските домови не било во нивна надлежност.

„Градот Скопје има надлежност за чистење на само 10% јавни површини, останатото е обврска на општините, јавните претпријатија , куќните совети.Сите општини треба да се грижат за јавната хигиена. Овие диви депонии ги создаваат луѓе и тие не никнуваат од земја. Секој од нас носи треба да сноси одговорност за своите постапки“ рече Шилегов.

Како што информираа надлежните по завршувањето на викендот од дворот се собирале и до 20 вреќи ѓубре што го фрлале студентите од прозорците. Надлежните ветија, дека градата слика , нема да се повтори и дека ќе ги спроведат санкциите за несовесните.

Инаку во студенскиот дом „Пелагонија“, престојуваат околу 1000 студенти од цела Македонија.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Loading...

Related posts