vesti24.mk
Uncategorized

(ВИДЕО) Исплатен е само мал дел од потпишаните субвенции

ECA

Дел од парите што Министерството за финансии минатата недела им ги исплати на земјоделците за субвенции никако да легнат на сметките на сите фармери.

Според Регионалниот синдикат на земјоделски производители, на сметките на земјоделците легнал само еден милион од најавените 7 и пол милиони што државата им ги пушти минатиот четврток, пренесе Алсат-М.

„Според сите најави од земјоделските производители сè уште не се исплатени субвенциите.Освен за еден мал дел за сточарите односно за млекопроизводителите. Но и таа е сосема мала бројка на земјоделци.“ – изјави Ристо Велков, претседател на регионалниот синдикат на земјоделски производители

Велков прашува кога власта во заминување ќе ги исплати остатокот од парите. Од Министерството за финаснии одговараат дека сите налози кои стигнале до нив се веќе платени.

„Од четвртокот до денеска исплатени се вкупно 14 милиони евра пари за субвенции. Од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството пристигнати се поптпишани налози во вкупна вредност од 30 мииони евра. Како пристигнуваат нови налози така се исплаќаат.“ –соопштија од Министерство за финансии

 Директорот на оваа Агенција, Игор Златков, вели дека до Министерството за финасии испратил потпишани налози во вкупна вредност од над 50 милиони евра. До крајот на овој месец треба да бидат потпишани и сите други преостанати налози до вкупно планираните 84 милиони евра.

„Некои предмети кои беа одобрени по приговори, беа на списоците од 2015 – та година. Од 2016- та за млеко, оризова арпа и органско производство. По нив е лозарство, овоштарство, поледелството и претходната недела ги потпишавме и градинарството. Се надеваме дека до месец мај ќе ги изготвиме сите списоци и налози, а Министерството за финансии што ќе пушта тоа е нивна одлука и во рацете на министерот за финансии.“ – вели Игор Златков, директор на Агенцијата за поттикнување  и развој на земјоделството

Од Стопанскаат комора пак велат дека иако државата дава огромни пари за стимулирање на домашното земјоделско производство во земјава пазарите се полни со зеленчук и овошје од увоз. Препорачуваат да се промени моделот за  субвенционирање.

„Не така добрата земјоделска политика, лошата и неправилна распределба на субвенциите, скапите репроматеријали, немање на земјоделска политика сè ова на крај доведе до состојба каква што е во моментов.“ – изјави Васко Ристовски, Стопанска комора на Македонија

Во првиот квартал од годинава, извозот на земјоделски производи изнесуваше 57,5 милиони евра. Тоа е за 13,5 отсто помалку од истиот период лани. За 14 отсто е намален и откупот на домашни производи.

репортер.мк

Loading...