vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Стоилковски: Ги нема буквите на Владата, Македонија е обесчестена

ECA

Република Македонија е обесчестена и обезличена. Зградата со адреса Илинденска број 2 во Скопје, осамна без буквите Влада на Република Македонија, изјави денеска на прес-конференција, Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги слушнавте зборовите на Зоран Заев за странските медиуми. Слушнавте како вели кога влегувате во оваа Влада пишува Влада на Република Македонија, а зад мене ја гледате денешната слика на денешниот изглед на Владата на Република Македонија каде што ги нема буквите што значи дека Македонија е обесчестена, Македонија е обезличена“, рече Стоилковски.

Додаде дека Заев е човек кој ветува се и сешто, додека ги продава националните и државните интереси, а криминалот царува во секоја пора на општеството.

Стоилковски пред новинарите пушташе видеа со изјави на Заев.

Loading...

Related posts