vesti24.mk
ЖИВОТ

(ВИДЕО) Ф-22 МОЖЕ ДА ПОБЕДИ 10 РУСКИ ВОЕНИ АВИОНИ СУ-35

ECA

САД го поседуваат најсовршениот воен авион. Станува збор за Ф-22, кој, како што тврдат западни аналитичари, е способен да уништи десетици руски борбени авиони.

Статијата на оваа тема неодамна ја објави американското издание The National Interest.

Во САД се на мислење дека овој авион е подобар во сите параметри против рускиот Су-35. Тоа го споделуваат пилотите на Ф-22.

Полковник Пит Феслр, поранешен пилот на Ф-22, раскажува за The ​​National Interest дека САД се лидери во вооружувањето и токму поради тоа можат да ги испратат на која и да било точка од земјината топка. Авионите од овој тип ги надминуваат своите противници.

“Тој е способен да поправи многу недостатоци од страна на пилотот. Вие навистина може да имате лош ден, но без оглед на тоа авионот ќе покаже феноменални способности”, објаснува Феслр за можностите на ловецот Ф-22.

Во анализата се забележува дека во блиска иднина Ф-22 ќе биде модернизиран. Ова ќе влијае на прво место на новата ракета AIM-9X Sidewinder. Исто така е предвидено пилотите да добијат дисплеј на шлемовите, што ќе им ја зголеми ефикасноста на управувањето со авионите.

извор:актуелно.мк

Loading...

Related posts