ЗАБАВА

ВИДЕО: 15 години прави вистински спектакл за Божиќ, но сега има неочекуван проблем

ECA

Том Апручи од Њу Џерси сака да го слави Божиќ со голем стил. Оваа година тој на својата куќа поставил 300.000 светилки и синхронизирана музика, а целата акција за украсување ја започнал уште во октомври.

Ваквата сцена привлекува голем број љубопитни луѓе, па во текот на ноќта пред неговиот дом доаѓаат и до 1.000 посетители од Њујорк и Пенсилванија.

Меѓутоа соседите на овој човек не се среќни поради тоа. Велат дека улицата е заглавена од возила, паркирани автомобили има од двете страни.

Во целиот случај се вмешал и градоначалникот Овен Хенри, кој рекол дека Апручи ќе мора да плати секоја вечер по 2.000 долари за полициско обезбедување, мобилно улично осветлување и гориво. Апручи, од друга страна пак, порачува дека тој сепак светилките ќе ги запали.

-Нема да ја слушаме полицијата што ќе каже. Ова е мое право по Првиот амандман и има врска со мојата религија, истакнал Апручи кој е католик.

Во негово име е направена веб страна на која се собираат потребните средства, односно 75.000 долари за да се покријат трошоците кои му ги наметнуваат. Овој решителен човек, кој ужива во славењето на Божиќ, посочува дека парите нема да влијаат на неговите планови.

Шефот на локалната полиција, пак истакнал дека ќе прати полиција без разлика дали тој платил или не.

Поставката на Апручи е дел од 15 годишната традиција во градот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts