vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Вистинска љубов или минлива страст – овие знаци откриваат за што станува збор

ECA

Љубовта треба да е едноставна, но патот до неа сигурно не е.

Секој од нас барем еднаш се прашал дали она што го има со некого во моментот е само минлива страст или има потенцијал да прерасне во вистинска љубов.

За да не си го трошите времето чекајќи го одговорот, препознајте ги знаците на време и проценете дали врската во која сте моментално е „она вистинското“ или само авантура во која уште ве држи затресканоста.

Често немате за што да разговарате

Освен ако не ви се случило нешто навистина интересно или не треба да се договарате да правите нешто, наоѓањето теми на разговор е мачна задача за вас двајца. Не станува збор за онаа пријатна тишина во која не се потребни зборови меѓу двајца луѓе, туку за некомпатибилност. Ако немате слични погледи на светот, слична смисла за хумор, принципи и интереси, мали се шансите да опстане врската. Сексот, излегувањата и патувањата се забавни, но не се основа за врска.

Вашите ставови се разидуваат

Како што рековме и претходно, компатибилноста е важна. Не мора да значи дека треба да размислувате исто на секоја тема, но треба да имате слични вредности (семејни, религиски, морални). Не си трошете драгоцено време надевајќи се дека другиот ќе се смени или дека вие ќе се премислите. Страста е потребна да се одржува врската, но таа се темели на партнерство.

Негативно влијание

Саканата личност што ја бираме да биде наш партнер во животот треба да ни биде инспирација, да нѐ поттикнува да бидеме најдобра верзија на себе. Откако ќе помине периодот на затрескување и ќе ја погледнете таа личност без розови очила, дали гледате добра личност со која може да бидете и кога не поминувате низ авантури и лудории?

Дали поради партнерот страда вашата работа, немате слободно време, губите контакти со пријателите, членовите на семејството се загрижени? Ромео и Јулија се ликови од книга, внимавајте што и за кого жртвувате.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts