Uncategorized

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ќе сноси одговорност за злоделата врз Македонија, ова нема да им помине

ECA

Пристигнуваат фактурите од антидржавното и предавничко однесување на СДС и нивниот претседател Зоран Заев. Талат Џафери најави дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик, истакна денеска на прес конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално целото соопштение

Охридскиот рамковен договор предвидува пратениците да може да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку истиот го говорат над 20% од населението бидејќи тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција претседател на Собрание и во име на институцијата која што ја претставува и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на целата територија е македонскиот.

Вчера Талат Џафери јавно соопшти дека ќе го растегнел малку Законот за јазици и дека седниците ќе ги водел и на албански и на македонски. Со тоа Талат Џафери јавно му се изнасмеа в лице на Зоран Заев кој сопствениот народ го навредуваше и понижуваше само за да се обиде да го избере Талат Џафери за нелегален претседател на Собранието.

Ваквите најави на Талат Џафери доаѓаат откако четири дена неговиот партнер Зоран Заев молчи околу поставувањето на знамиња на Република Албанија во кабинетот кој треба да му припаѓа на претседателот на македонското Собрание. Талат Џафери и јавно кажа дека нема намера да го тргне албанското знаме од кабинетот.

Ова е само потврда дека отпочна реализацијата на Тиранската Платформа. Ова само ја потврдува оправданоста на револтот и незадоволството на народот.

Се поставува прашањето ова ли беше дел од големата програма на СДС?

За ова ли гласаа членовите и симпатизерите на СДС?

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е единствениот човек кој успеа за еден ден да ги направи Македонците и Бугари и Срби.

Заев е човекот кој покажа како планира да ја витка кичмата на Македонецот во иднина.

Ваквото однесување на Зоран Заев е целосно неприфатливо.

Време е аболицираниот Заев да го слушне гласот на народот.

СДС ќе сноси одговорност за злоделата врз Македонија!

Ова нема да им помине!

Канал5

Loading...