vesti24.mk
ЗАБАВА

Внимавајте: Во време на строги пости, мрсното се продава како посно

ECA

Внимавајте, бидејќи во време на строги пости, мрсното се продава како посно.

Во маркетите се продаваат „посни“ производи што содржат казеин и сурутка во прав, а потрошувачите не знаат дека овие две компоненти имаат животинско потекло и дека се, практично, измамени.

За време на Божикниот пост под ознака „посно“ на рафтовите се нуди храна што содржи млеко, желатин од животинско потекло, свинска маст и други мрсни состојки.

Според експертите, за посни производи се сметаат тие во кои млечните масти се заменети со растителни, но токму тука е манипулацијата.

-Производите што содржат казеин или сурутка (во прав) воопшто не се посни бидејќи потеклото на овие две компоненти е животинско. Точно дека од млекото се одделува млечната маст и таа се заменува со растителна, но казеинот останува, и затоа производот не може и не треба да се декларира како растителен, уште помалку како посен. Слично е и со сурутката, објаснуваат експертите, пренесува порталот Скопје инфо.

Сурутката е исклучително здрава, има висока хранлива вредност, ја забрзува дигестијата, ама е со животинско потекло.

Се апелира потрошувачите повеќе да внимаваат при купувањето и секогаш да ги читаат декларациите.

Тие што постат треба да се информираат и за храната што ја консумираат во рестораните и сендвичарите, а се нуди како посна имајќи предвид дека може да биде подготвена на места и во садови во кои се готват и продукти од животинско потекло.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts