Uncategorized

Вознемирувачки краток филм открива што би ни се случило кога би дошло до нуклеарна војна!

ECA

Ваквиот вид на војна би го уништил светот каков што го познаваме, а со него и нас секако…

Доколку се остварат црните сомнежи на голем дел од светската популација кои со искрена вознемиреност гледаат на најновите тензии меѓу Америка, Северна Кореја, Русија и Кина и доколку навистина започна нуклеарна војна – тоа би бил крајот на животот на оваа планета – барем крај на животот на кој сме навикнати, доколку воопшто го има.

Во светот моментално постојат 15.000 различни видови на нуклеарно оружје кое се наоѓа под контрола на само девет држави. Ниту едно од нив не е употребено во војна уште од Втората светска војна.

Кога Америка ја фрли првата атомска бомба во светот, врз јапонскиот град Хирошима, во 1945-та година – во еден момент загинаа најмалку 66.000 луѓе, а илјадници останаа доживотно осакатени.

Три дена подоцна беше фрлена и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки, а таа однесе нови 60.000 животи. Последиците од овие напади светот ги чувствува и денес, а особено жителите на Јапонија.

Меѓутоа, тоа што е навистина застрашувачко е фактот дека нуклеарното оружје од тогаш до денес напредуваше наместо да се прекине таа иницијатива засекогаш. Напредуваше што денес тоа е 3.000 пати посилно отколку атомските бомби кои се најголемата катастрофа што човештвото си ја има нанесено само врз себе.

Кога Русија ја тестираше својата нуклеарна Tsar бомба во 1961-ва година, најголемата атомска бомба некогаш тестирана, забележан беше земјотрес од пет степени по Рихтеровата скала, како и радијациска печурка висока 60 километри. Сѐ во радиус од 50 километри беше избришано од лицето на земјата – и билки и животни и објекти – а прозорците пукаа и на 1.000 километри оддалеченост.

Меѓутоа, ова се само последиците од самиот удар на бомбата кои можат да се почувствуваат веднаш по нејзиниот пад – но она што овој филм го прави морничав и вознемирувачки е фактот дека радијацијата која останува и по ударот на бомбата е неспоредливо посмртоносна и од самата експлозија и уништува сѐ што постои.

По експлозијата, радијацијата може да се задржи во воздухот со години, а кај луѓето предизвикува изгореници и генетски малформации, болести, канцер и стерилитет. 

Затоа, хипотетички кажано, доколку Америка или Русија одлучат да го употребат својот нуклеарен арсенал, на Земјата би настанала нуклеарна зима – состојба во која пламенот од експлозијата и пожарот продира во атмосферата, спречувајќи го Сонцето да навлезе, па така постепено ќе се лади површината на планетата.

Најпрво ќе започнат да умираат растенијата – без фотосинтеза. Нема да има дожд и ќе завладее глобална суша. Животните ќе се разболат од најразлични заболувања и полека ќе умираат. На Земјата ќе започнат да се шират болести што во целост ќе има катастрофален ефект врз човечката раса. Ќе умираме во агонија.

Со овие сознанија, што му преостанува на човекот да направи кога знае дека постои закана од нуклеарна бомба?

Доколку можете на време да направите нуклеарен бункер и да го обезбедите со храна за една година, ви е една од можностите за спас.

Ако немате пари за ова, останете дома и покријте ги прозорците со колку што можете подебели плочи и не излегувајте, чекајте нивото на зрачење да се намали, што може да трае со месеци.

ВИДЕО:

ТОЧКА

Loading...