vesti24.mk
ВЕСТИ

Вознемирувачко видео од Куманово: Дечко тепа девојка, па и тој доби ќотек – се огласија од МВР

ECA

На социјалните мрежи се појави видео, на кое може да се види како момче задева девојка. Подоцна, истото момче добива ќотек од друго момче.

„Прво се силеше на девојче, после 5 минути си го доби и почна да плаче за помош“, стои во описот на видеото.

Настанот се случил во Куманово, зад Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Се огласија и од МВР:

„Во врска со случајот на насилство во Куманово кој денеска се споделува на социјалните мрежи, СВР Куманово презема соодветни  мерки и активности за расчистување на случајот. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“.

Видеото можете да го погледнете ТУКА!

извор:курир.мк

Loading...

Related posts