vesti24.mk
Uncategorized

Војната на НАТО против Русија и Кина ќе започне во Македонија

ECA
Без никакво двоумење, повикувајќи се на овие извештаи, порача во средата висок претставник на американскиот Стејт департмент, на состанокот на поткомитетот за надворешни работи. Истиот Хојт Брајан Ји, кој побрза во Скопје, во последните денови од април со својата мирновременска улога, коментира српски “Вебтрибјун”.
А како тоа изгледа имаше множност да види цел Балкан и пошироко, во претходните шест месеци во случајот на Македонија. Кога по предвремените парламентарни избори сфати дека повторно најмногу гласови има власт која не им е по желба, го повлекоа својот најголем адут на Балканот кој никогаш нема утка, а тоа се Албанците. На нивната поддршка, или, поточно, целосна лојалност секогаш може да сметаат, а особено кога нивните интереси се совпаѓаат, како и во македонскиот случај.

Резултат на сево ова е одамна прекршено договорено правило и секогаш почитувано, иако не напишано, а тоа е правилото да Владата ја составуваат најсилната македонска и најсилната албанска партија. А комуму е гајле за принципите кога е во прашање американскиот интерес, прашува “Вебтрибјун”. Така, непринципиелно, набрзина, по изборите е направена тиранска платформа, односно се поставени услови, без кои албанските партии во Македонија не сакаат во коалиција со која било македонска партија. На условите се согласи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тие услови се оценети како прв чекор кон неуставна федерализација на Македонија. Но кому му е гајле за кршење на македонскиот устав, кога се во прашање американските интереси? – коментира порталот.

Дека работата не е ни најмалку наивна, САД оцени во моментот кога на кинескиот пат на свилата беше најавен воз од Пиреја до Будимпешта. Македонија како прва станица на тој пат на експанзија на кинеската економија не беше пожелна. Особено што по Рускиот гасовод “Јужен поток”, кој САД успешно го запреа, воскресна “Турски тек”. Уште кога Македонија оцени дека добро би дошло со еден крак да се приклучи кон “Турскиот тек” и со тоа да го реши прашањето со снабдување со руски гас, американскиот одговор беше сосема очекуван.

Особено, кога Русија по успешно одиграната игра во Сирија, на голема врата се врати на меѓународната сцена. Да се ризикува со Балканот, особено по зближувањето на Русија и Турција, за САД беше сосема неприфатливо. Оттука, беше многу важно да се дестабилизира Македонија. Како што за “Спутник”, оцени аналитичарот Александар Павиќ, нестабилна Македонија ќе оневозможи реализација на големи проекти и зголемување на влијанието на Русија и Кина.
Токму затоа, не чуди што на почетокот на кризата во Македонија се огласи НАТО.

– Кога не може да го задржи поредокот кој му одговара НАТО намерно предизвикува криза и потоа со неа управува. Тоа му е една од специјалностите, вели Павиќ.
На прашањето за геополитичката положба на Македонија, на чело со Зоран Заев и албанските партии, аналитичарот Бранко Ѓорѓевски вели: Едноставно, она што се бара од таква влада, таа тоа и ќе го испорачува. Тој додава дека Балканот е линија на огнот помеѓу Москва и Вашингтон, а Македонија само ќе ја дели судбината на таа конфронтација.

-Денеска никој во светот не сака да ја затвори вратата за соработка со ниту една страна, вели Ѓорѓевски, потенцирајќи дека македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 24 и 25 мај оди за Москва, за што веќе извести помошникт на рускиот претседател Владимир Путин. Нема сомнеж дека на оваа средба ќе се разговара за состојбата на Македонија и регионот.

А кои се целите на Кремљ во регионот, американскиот миротворец во Македонија Брајан Хојт Ји изјави: многу е тешко да се предвиди или да му се читаат мислите на рускиот претседател Владимир Путин.
Хојт Ји смета дека тоа малигно влијание на Русија во регионот треба да се сопре. Ете од каде криза во Македонија. Затоа, прашањето е: Кој е следен?
Хојт Ји на седницата на Поткомитетот повеќе се занимаваше со Србија и притоа истакна дека САД поддржуваат формирање на војска на Косово. Дали за тоа ќе имаат некој македонски рецепт?!

извор:вечер.мк

Loading...