vesti24.mk
Uncategorized БАЛКАН ВЕСТИ

Во Грција покрај паричните казни можете да завршите и во ЗАТВОР!

ECA

Кога патувате во Грција за вас важат грчките закони кои мора да ги почитувате. Казните за прекршување на законите се доста високи, па покрај паричните казни можете да завршите и во затвор.

Следат дел од правилата и законите на кои треба да внимавате при посета на нашиот јужен сосед.

Непристојно однесување на јавни места не се толерира. Полицијата може да ве уапси, а судот да донесе висока парична казна, дури и во некои случаи затворска казна.

Употребата и поседување на било какви дроги, вклучувајќи и класа Ц дроги, може да резултира со долга затворска казна и висока парична казна.

Доколку сте со план да најдете работа во некој од баровите или ноќните клубови во Грција, задолжително е да имате лекарско уверение издадено од локалните власти. Доколку немате такво уверение следуваат високи казни.

Задолжително побарајте и земете сметка за се што купувате и за сите услуги што ги добивате. Внимавајте посебно на пиратерија – можете да завршите во затвор.

Сообраќај

Зборувањето на мобилен телефон додека управувате возило во Грција е забрането; Полицијата може да ја провери листата на повици при истражување на сообраќајни несреќи.

Возењето под дејство на алкохол е казниво со закон. Секоја општина има свои рестрикции и висина на казни, па тие се движат од 250 до 2000 евра, одземање на возачката дозвола па дури  и казна затвор. Дозволеното ниво на алкохол во крвта е значително помало во споредба со кај нас, па дозволено е максимум 0,25 промили. За нови возачи (помалку од 2 години искуство), возачи на мотор/мопед и професионални возачи (возачи на такси, автобуси), дозволено е 0.10 промили алкохол во крвта. Полицијата може да ве застане во било кој момент и да изврши контрола.

Малите фирми што издаваат скутери и помали моторни возила, обично не ги осигуруваат нивните возила, па луѓето што ќе ги изнајмат се одговорни за штетите, па затоа е препорачливо добро да ги разгледате, по можност да ги сликате пред изнајмување. Бидете посебно внимателни доколку возите мотор – законот во Грција наложува носење на кацига.

Забрана за фотографирање

Владата на Грција забрани фотографирање на воени објекти; доколку не ја почитувате забраната може да ве уапсат.

Забрана за пушење

Според новиот закон што го воведе Грција, пушењето е забрането во јавни простории и е многу сличен на нашиот во Македонија. Глобите се движат  до 500 евра доколку ве фатат како пушите во затворен објект – ресторан, кафуле и слично.

Царински ограничувања

Иако нема ограничувања на количината на алкохол и тутунски производи што може да се внесат во ЕУ земјите, цариниците најверојатно ќе ви постават прашања доколку имате повеќе од:

Тутунски производи:

– 800 цигари;

– 400 цигарилоси (макс. 3g една);

– 200 пури;

– 1кг тутун;

Алкохолни пијалоци:

– 10 литри алкохол над 22%;

– 20 литри алкохол под 22%;

– 90 литри вино (но не повеќе од 60 литри минерална вода);

– 110 литри пиво.

Овие количини може да бидат одземени од царината, доколку оценат дека ќе се користат за комерцијална употреба.

Други производи

– Лекови за лична употреба

– Лични работи за не–комерцијална употреба со вредност во висина од 430 евра при патување со авион или брод.

– Лични работи за не – комерцијална употреба со вредност во висина од 300 евра при патување по копно.

– Лични работи за не – комерцијална употреба со вредност во висина од 150 евра за патници под 15 години.

Loading…
Loading...

Related posts