vesti24.mk
ЗАБАВА

Во Дубаи е претставена суперјахтата Esquel

ECA

Холандската компанија Oceanico на Саемот на наутика во Дубаи ја претстави својата суперјахта Esquel.

Станува збор за пловило долго 105 метри опремено со дизел-електричен погон, кое своето име го добило по метеорит. Изгледот на Esquel наликува на јахтите од филмовите со Џемс Бонд.

“Ова е совршен спој на експедициско пловило и суперјахта. Esquel го нуди најдоброто од двата света”, изјавија од Oceanico.

Автономијата на Esquel е 7000 наутички милји, што значи дека може да помине третина од светот пред да има потреба од влегување во пристаниште.

Оваа суперјахта е опремена со моторни санки, офроуд возила, нуркачка опрема, водени скутери, хеликоптер и две подморници. Дел од главната палуба е и затворен базен.

Се нагласува дека јахтата служи не само за забава, туку многу лесно може да се претвори во истражувачко пловило.

Цената на Esquel сè уште не е позната.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts