vesti24.mk
ЗАБАВА

Главни правила кои треба да бидат ѕвезда-водилка за секоја жена

ECA

Сите ние се обидуваме да го живееме овој живот најдобро што можеме. Турбулентните периоди и разочарувања се чести гости во нашите животи, а не ни се непознати ниту страдањето, ниту тагата. Сепак, не е се толку црно.

Имајте на ум дека животот треба да се живее со полни гради, а за да успеете во тоа и за да бидете задоволни, треба да ги почитувате овие 6 правила, кои можат само да ви помогнат, никако да ви одмогнат:

1. Помирете се со минатото за да не ви ја расипе сегашноста. Вашето минато не ја дефинира вашата иднина, тоа може да го направат само вашите постапки и работите во коишто верувате.

2. Тоа што другите мислат за вас, воопшто не треба да ве допира. Важно е колку се цените себе и колку мислите дека сте важни самите на себе.

3. Времето навистина лечи речиси се, па затоа бидете трпеливи. Болката ќе пројде. Лузните не’ дефинираат – тие даваат објаснување за нашиот живот и кажуваат зошто сме такви какви што сме. Тие се наш предизвик и не’ тераат да бидеме посилни.

4. Не го споредувајте својот живот со животите на другите жени, затоа што навистина не знаете ништо за нивните животи. Доколку сите ги ставиме нашите проблеми на куп и би ги виделе проблемите на другите, би си ги зеле своите проблеми назад и тоа што е можно побрзо.

5. Немојте премногу да размислувате, затоа што сосема е во ред и да не ги знаете сите одговори. Понекогаш и не постои одговор, не може да се пронајде или никогаш не ни постоел.

6. Смејте се, затоа што не ги носите на своите рамена сите проблеми на овој свет. Насмевката може да го разубави и најтажниот ден и да го направи животот што е можно поподнослив.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts