vesti24.mk
Uncategorized БАЛКАН ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Голема дебата во ЕУ за Западниот Балкан

ECA

Австрискиот канцелар Себастијан Курц се приклучи кон дебатата про и контра одредување датум за преговори за членство во ЕУ со двете балкански земји. Франција и Холандија се против, во Германија отпор против Албанија.

Себастијан Курц инсистира на брзо одредување датум за почеток на преговори со Македонија и Албанија. Во интервју за германскиот Велт ам Зонтаг, австрискиот канцелар вели дека земјите од регионот мора да добијат веродостојна перспектива.

„Доколку сакаме да ги избегнеме конфликтите во нашето соседство на Западниот Балкан и да придонесеме за стабилност, мораме на овие земји да им дадеме веродостојна европска перспектива“, изјави Курц.

Австрија ги поддржува веќе започнатите преговори со Црна Гора и Србија, и смета дека и Албанија и Македонија наскоро треба да ги направат првите чекори во тој правец.

„Со Албанија и Македонија треба брзо да ги започнеме преговорите за членство“, смета Курц.

Одлуката за тоа треба да биде донесена на самитот на ЕУ закажан за 28/29 јуни, и истата е поддржана од Европската Комисија.

Но некои земји-членки на ЕУ преку нон-пејпер деновиве се спротивставија на идејата за одредување датум за преговори за двете западно-балкански држави. Ставот на земји како Франција и Холандија е дека Македонија и Албанија не се подготвени за таков исчекор и дека мораат многу повеќе да работат на реформите за да ги исполнат основните услови за почеток на преговорите.
Неформалниот документ сепак нема да има пресудно влијание врз одлуката на Советот на ЕУ на крајот на јуни. За Македонија од клучно значење е решението на спорот за името со Грција. Доколку тоа се случи, извесно е дека земјата ќе добие позитивно мислење.

Тоа директно и јасно деновиве го кажаа некои водечките германски политичари како и официјални државни претставници. Не е тајна дека во Германија постои голем отпор кон Албанија, и тој е особено изразен во редовите на партијата на канцеларката Ангела Меркел- Христијанско демократската унија (ЦДУ).

извор:

Loading…
Loading...

Related posts