vesti24.mk
ВЕСТИ

Граѓаните потпишуваат петиција против градба на висококатниците, Заев ги теши- Ќе има дупло зелен простор

ECA

Секоја реакција на граѓаните е вредна за размислување, но секако и почитувањето на законот и Уставот на државата е вреден и за размислување и за спроведување, изјави денеска премиерот Зоран Заев во врска со онлајн-петицијата на граѓани против изградба на висококатници на паркингот спроти.

„Паркирањето се решава внатре во парцела, не можете надвор по катни гаражи и тоа автоматски го намалува габаритот на изградбата. Дека најмалку зелен простор треба да биде 20 посто, а како што ме информираше градоначалникот има дупло зелен простор. Апсолутно ако е нарушен било кој од законите овде или во постапката на одобрение за градба треба да се укине одобрението и да не се дава одобрение. Ако се исполнети законските основи секако дека треба секој да го искористи уставното право и законското право за добивање одобрение за градба“, истакна Зоран Заев.

Најавата за изградба на трите висококатниците кај Холидеј ин и натаму предизвикува револт, со што околу 8 илјади граѓани се потпишаа на петицијата кажаа дека се против тоа во строгиот центар на градот да никнат вакви згради.

Архитектката Сања Раѓеновиќ оценува дека планот за изградба на трите висококатници го вулгаризира просторот и е нешто слично со она што му се случи на градот со проектот Скопје 2014.

„Инфраструктурата, особено сообраќајната, пристап на толку голем број возила неколку пати на ден секако дека тоа не го овозможува и да речам за вакви единствени останати локации мора да се направат со конкурс. Ова сега што се случува, во суштина е истото она што ни се случуваше со Скопје 2014“, вели Сања Рагеновиќ, пренесува ТВ 21.

Дали можеше за овој период, за кој актуелниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ да направи нешто додека траеше мораториумот, односно да го смени ДУП-от, Раѓеновиќ вели дека не само што можеше туку мораше да се смени.

„Градоначалникот од општина Центар, Општината и некои луѓе ангажирани околу урбанизмот, со сите други саботирања од останатите институции, вклучително и со планерските куќи, едни те исти, кои што ги работеле и претходните планови кои што евидентно е дека не се добри и да ги преработуваат истите планови и уште да ни „продаваат“ прикаски дека работат за еден денар по квадрат, затоа што го сакаат сопствениот град, е приказна за мали деца. Овој урбанизам, како и сите останати урбанизми, во најголем дел спорни се одвиваат во спрега инвеститор – планер – општина, град и архитект проектант“, додава Сања Рагеновиќ.

Според последните информации на просторот на паркингот спроти Холиден ин се планираат да бидат изградени три згради од 15, 20 и 25 спрата. Фирмата МГ Фешн и МПЦ преку фирмата „Обновители“ веќе уплатиле комуналии во износ од 150 милиони денари, или околу 2,4 милиони евра.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts