Uncategorized

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не е против Албанците, СДСМ ги испровоцира граѓаните

ECA

Кога и да се случило некој тежок момент во Македонија, јас сум бил тука со овој народ рече Груевски во интервју за Топ Тема на Телма. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ по инцидентот во четвртокот во Собранието запрашан зошто не бил тука во тие моменти, одговори дека и покрај тоа што често патувал секогаш наоѓал начин веднаш да се врати во земјава. Груевски вели кога ВМРО ДПМНЕ има 51 пратеник во Собранието не може да се очекува дека ќе ги одбрани интересите на државата. Народот преку  протести, 60 дена, испрати сериозни пораки вели Груевски, но некој не сакаше или му беше кажано да не ги прими.

Тој смета дека СДСМ со смислено сценарио го испровоцира народот кој до тогаш протестираше мирно.

Изборот на претседател на Собранието според Груевски е незаконско и нелегитимно. Реакциите на меѓународната заедница за него се очекувани по такви снимки, но смета дека тие  како легалисти треба да се свесни дека владеењето на правото кое важи и во нивните земји треба да важи и кај нас па така и за изборот на спикер на парламентот.

Груевски вели ВМРО ДПМНЕ е на  страната и на сиот албански народ кој сака да живее во Македонија а не во некоја друга држава.

Според Груевски Македонија подолг период е предмет на надворешен обид и операција  за промена на Владата со цел промена на уставниот поредок.

Точно е дека се соочуваме со проблеми на меѓународен план вели Груевски но не сме изолирани. Но според него  тоа е судбина на сите што се борат за државни и национални интереси во мали држави.  Груевски вели е свесен кога застанува на браник на одбрана на некои државни интереси дека ќе добие разни негативни пораки, казни или нешто што ќе го деградира, но свесно го прави бидејќи само така вели, ќе ја убеди целата меѓународната јавност дека тоа што некој го наумил однадвор не е добро за Македонија и ќе и  направи штета.

Loading...