Uncategorized

Груевски дојде на суд со …

ECA

Груевски дојде на суд со лично обезбедување и со портпаролот на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешното судење за случајот „Насилство“ во општина Центар дојде со личното обезбедување и со портпаролот на Владата Александар Ѓоргиев.

Тој, заедно со неговиот адвокат Никола Додевски, дојдоа со 20 минутно задоцнување. Груевски и Додевски заедно со личното обезбедување и портпаролот на Владата, влегоа и излегоа од споредната страна на судот за да ги избегнат новинарските екипи. Додека траеше четириесетминутното водење на записникот, Груевски го проверуваше мобилниот телефон.
Одговарајќи на новинарско прашање како го коментира тоа што Груевски дошол со дваесетминутното доцнење влезот со телохранители и портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски рече дека Грувески „сè уште демонстрира моќ, но всушност се работи за уплашен човек кого полека го стигнува правдата“.

Mф/ВМ

Loading...