vesti24.mk
ЗАБАВА

Дали децата кои порано прозборуваат се поинтелигентни?

ECA

Децата кои порано прозборуваат многу порано можат со зборови да изразат сè што им се врти низ глава. Но, според научниците, раниот говор не е секогаш поврзан со интелигенцијата. Кога би бил тесно поврзан децата со разни ментални нарушувања никогаш не би научиле да зборуваат.

Исто така, тогаш не би имало деца со нарушување во развојот на говорот, а кои во сите други подрачја се развиваат нормално.

Научниците претпоставуваат дека раниот говор е можен показател на висок IQ, но обратно не вреди. Значи, ако детето почне да покажува интерес за зборување од две години и дури тогаш почне да ги изговара првите зборови, можно е во основно училиште да покаже дека станува збор за мал Ајнштајн.

Но, постојат и молчаливи дека кои околу втората година одеднаш почнуваат да изговараат цели реченици. Иако често говорот сам се појавува со текот на времето, некои сомнителни знаци не треба така лесно да се отфрлат.

Веќе во првите месеци може да се случи бебето сè уште монотоно да се огласува како новороденче или во втората половина од годината да не почнало со гугање.

Причина за тоа може да биде нарушување на слухот и треба да се побара стручна помош. Колку побрзо се побара помош тоа е подобро за развојот на говорот на детето.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts