vesti24.mk
БИЗНИС ВЕСТИ

Дали знаете? Кога патувате со авион овие 5 работи се целосно бесплатни

ECA

Разбирливо, дел од авио – компаниите ги кријат овие поволности како змијата нозете, но факт е дека можете да ги имате без потрошен денар. Сте дале вистинско мало богатство за авионска карта, дополнителен багаж и чаша вино во авион, но овие работи нема да ве чинат ниту денар.

Бесплатно чување на децата

И родителите мора да појдат до тоалетни простории. Ако патувате сами со дете не се воздржувајте да ги застанете стујардесата ил стјуард и да ги замолите да ви ги причуваат децата.

Филмови, магазини, игри…

За да побрзо ви помине летот, авио компаниите нудат голем избор на филмови и серии кои може да ги гледате на екранот кој се наоѓа на заглавието на седиштето пред вас. Доколку не се љубител на играна програма, можете да уживате во музички албуми или магазини, додека најмалите своето време може да го пополнат со видео игри.

Влажни марамчиња

Бактерии во авионот ги има насекаде и затоа не е чудно што многумина настинуваат откако ќе пристигнат на одредената дестинација. За да ги спречите можностите за добива на непријатни болести, побарајте и на стјуардесата влажни марамчиња и со нив избришете ги наслоните за раце или подвижната маса за јадење.

Прва помош

Имате плускавец? Фластер можете бесплатно да добиете од персоналот во авионот. Некои авио компании ќе ви понудат и таблета против главоболка ако сте заборавиле да земете со вас вашата кутија за прв а помош.

Дополнително пакетче кикирики

Ако се уште имате чувство на празен желудник и откако сте ги изеле вашите бесплатни грицки, замолете го персоналот да ви даде репете – бесплатно е.

Извор:македонијаденес

Loading...

Related posts