vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Дали знаете кои се двата најискрени хороскопски знаци?

ECA

Астролозите велат дека овие два хороскопоски знаци секогаш ја кажуваат вистината, без оглед дали таа ќе ве развесели или натажи.

Според нив, лажењето е најлошото нешто кое може да му го направите некому, па токму затоа тие секогаш ќе ви кажат во лице што мислат.

Овен

Припадниците на овој знак се многу искрени, а најголемата причина за тоа е што немаат желба за лаги ниту пак сакаат да ја трошат својата енергија на такви работи. Овните ќе ја кажат вистината дури и по цена да повредат некого со својата искреност.

Тие сакаат да го кажат она што го мислат и да им го дадат до знаење на другите, очекувајќи го истото и од другата страна. Често знаат да ги повредат другите со своето отворено размислување, за што подоцна се каат, но ако ги прашате дали би постапиле поинаку тие без ни малку размислување ќе ви одговорат „Во никој случај!“.

Стрелец

Личностите во овој знак се неверојатно великодушни и се еден од најискрените хороскопски знаци.

Единствена маана им е тоа што понекогаш знаат да претераат со прераскажувањето на приказните од нивниот живот или од животите на нивните пријатели, меѓутоа сето тоаго прават со цел да го забавуваат своето друштво.

Не прифаќаат лаги во ниеден случај, дури ни кога и самите сфаќаат дека тоа може да биде за нечие добро.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts