vesti24.mk
ЗАБАВА

Дали овој лек е спас за светот од корона ?

ECA

Јапонската корпорација Фуџифилм соопштила дека започнува со погелемо производство на лекот Авиган, кој се користи и против грип, а тестиран е и во лечењето на респираторните инфекции предизвикани од новиот коронавирус.

Како што наведуваат, целта е до септември да се обезбеди доволна количина од лекот за лекување на 300 илјади пациенти месечно, пренесува агенцијата Кјодо.

Лекот моментално клинички се тестира во Јапонија како можен лек за вирусот Ковид-19, откако една кинеска студија покажала дека е ефикасен во лечење на пациентите.

Доколку во клиничките тестирања кои започнаа на 31 март се потврди ефикасноста и безбедноста на лекот Авиган, јапонската влада најверојатно ќе го одобри користењето на лекот во лекувањето на Ковид-19.

И странските влади покажале интерес за лекот, така што јапонската влада планира да обезбеди Авиган за 20 земји и тоа бесплатно.

Сепак, бидејќи се смета дека Авиган, познат и како Фавипиравир може да предизвика малформации кај новороденчиња, истиот нема да можат да го користат бремени жени и жени кои планираат бременост.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts