vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Дали остана некој што знае лудо да љуби?

ECA

Зошто врските се толку тешки во денешно време? Зошто сме толку неуспешни во љубовта и покрај сите напори? Зошто одеднаш луѓето станаа толку неспособни за да изградат трајна врска?

Дали заборавивме да сакаме? Или уште полошо, дали заборавивме што е тоа љубов?

Не сме подготвени. Не сме подготвени за жртви, компромиси, безусловна љубов. Ние не сме подготвени да вложиме сѐ што е потребно за да профункционира врската. Сакаме сѐ да биде едноставно. Ние сме луѓе кои веднаш се откажуваат. Доволна е само една препрека за да нѐ обесхрабри. Не дозволуваме нашата љубов да расте, ние си заминуваме прерано. Тоа што го бараме не е љубов, туку возбудување и воодушевување. Ние сакаме некој кој ќе гледа филмови со нас и со кого ќе се забавуваме, а не некој кој ќе нѐ разбира. Заедно поминуваме време, но не создаваме спомени. Не сакаме досаден живот, не сакаме партнери за до крај на животот, само личности кои во моментот ќе ни се погодат. Кога возбудувањето ќе престане, откриваме дека никој не нѐ подготвил за приземјувањето.

Не веруваме во убавината на предвидливоста, затоа што сме заслепени од возбудувањето. Се загубивме во хаотичниот градски живот кој не ни остава простор за љубов. Ние немаме време за љубов, немаме трпение за да вложиме труд во врските. Ние бараме инстантни задоволства во сѐ што правиме. Сакаме зрелост во врската која доаѓа со текот на времето, емоционално поврзување кое се развива со текот на годините, го бараме тоа чувство на припадност, а едвај и ја познаваме личноста со која сме. Очигледно, ништо не е доволно вредно за нашето време и трпение – дури ни љубовта. Попрво би минале време со 100 луѓе отколку со една личност. Ние веруваме во повеќе различни избори. Ние сме „социјални“ битија. Повеќе сакаме да среќаваме луѓе, отколку навистина да ги запознаеме. Ние сме алчни. Сакаме да имаме сѐ.

Влегуваме во врска уште со првата привлечност и излегуваме од неа што најдеме некој подобар. Ние не сакаме да го извлечеме она што е најдобро од личноста. Сакаме совршени партнери. Ние се разочаруваме од сите. Нашата физичка присутност ја заменивме со пораки. Ние не чувствуваме потреба да поминуваме време заедно. И тоа што го имаме ни е премногу. Немаме веќе за што да разговараме.

Ние сме генерација на луѓе кои лутаат и кои не можат да седат подолго време на исто место. Секоја преданост создава фобија. Веруваме дека љубов не ни е судена. Не сакаме да се смириме.  Дури и помислата на тоа ни е застрашувачка. Не можеме да си замислиме живот со една личност и тоа до крајот на животот. Заминуваме.

Ја презираме  трајноста како да е некакво општествено зло. Сакаме да веруваме дека сме поинакви од останатите. Дека не сме во склад со општествените норми. Ние сме генерација која наводно е „сексуално ослободена генерација“. Сексот доаѓа лесно, а верноста не. А нам ни е потребно само привремено исполнување.

Врските веќе не се едноставни. Имаш отворени врски, пријатели со повластувања, врски за една ноќ – оставивме многу малку простор за љубов во нашите животи. Ние сме практична генерација која создава своја логика. Ние не знаеме како лудо да се заљубиме. Да направиме глупост за саканите.

Преразумни сме за љубов. Преразумни за сопствено добро. Ние сме исплашена генерација – генерација која се плаши да се заљуби, врзе, генерација која се плаши од скршени срца. Не си дозволуваме безусловно да сакаме.

Се криеме зад ѕидовите кои самите ги создадовме, постојано сме во потрага по љубов, а бегаме веднаш кога ќе ја пронајдеме. Одеднаш тоа едноставно „не можеме да го поднесеме“. Ние не сакаме да бидеме ранливи. Ние не сакаме да ја соголиме нашата душа пред никого. Премногу внимаваме. Ние повеќе не ги ни цениме врските. Ние отфрлуваме прекрасни личности поради тоа што имало „други риби во морето“.

Не постои ништо што не можеме да освоиме на овој свет, а сепак изгубивме во играта на љубовта – еден од најосновните човечки нагони. Еволуција демек, барем така викаат.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts