vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ СВЕТ

Демонстрантите ги блокирале улиците, во целиот град демолирани и ограбени продавници поради цената на горивото

ECA

Демонстрантите на Хаити ги блокирале улиците, а многу од нив ги оштетиле или ограбиле продавниците кои веќе трети ден се затворени поради протестите организирани поради одлуката на владата да ја зголеми цената на горивата.

Во главно младите учесници на протестот ги блокирале улиците со големи гранки и камења, некои палеле гуми, а не некои места биле и запалени автомобили, пренесува “Reuters”.

Полицијата употребила солзавец за да ги растера големиот број на незадоволни млади луѓе.

Американската амбасада ги предупредила своите граѓани да ги избегнуваат местата каде има немири во Порт-О-Пренс и да ги изменат плановите за патување, со оглед на тоа дека неколку компании ги откажале летовите.

Премиерот на Хаити, Џек Ги Лафонтан, во неделата објавил привремена суспензија на одлуката за се дуплира цената на бензинот – дизелот и керозинот, и додал дека Владата најостро ги осудува насилството и вандализмот.

Протестите почнале во петокот, кога Министерството за трговија и економија најавило зголемување на цената на бензинот за 38 проценти и 47 проценти за дизел.

Таа одлука е дел од договорот со Меѓународниот монетарен фонд, кој од државата бара мерки за штедење.

Loading…
Loading...

Related posts