Uncategorized

ДЕМОФЕСТ 2017“ СО БОГАТА ПРОГРАМА И ЅВЕЗДИ

ECA

На десеттото, јубилејно издание на „Демофест“, најголемиот регионален фестивал на демобендови во регионов, покрај демобендовите, најавени се и настапи на големи светски имиња.

Годинешното издание на „Демофест“ ќе се одржи од 20 до 22 јули, на тврдината Кастел во Бања Лука, а се очекуваат настапите на: Марки Рамон, Ки-Мани Марли, Рудиментал диџеј, „Фримејсонс“, Фанкермен и „Дубиоза колектив“, „Лачни Франц“, „Ракија бенд“, Едо Маајка, „Бед копи“, „Сопот“, „Шангај стрит фајт“ и „Важно обавјештење“.

На посетителите од околните земји ќе им биде понудено поволно сместување во домот „Никола Тесла“, и превоз од поголемите регионални центри до Бања Лука, како и пакет билети за сите три дена на фестивалот.

Инаку, „Демофест“ е фестивал на демобендови. Оваа година се пријавиле дури 471 бенд, најмногу од Србија (208) и Хрватска (128), БиХ (80), Словенија (33), Македонија (15) и Црна Гора (7). Наскоро се очекува да биде објавено кои бендови се примени, како и составот на стручното жири за оваа година.

UTRINSKI

Loading...