ЗАБАВА

Денеска е Свети Исакиј Далматски: Треба да го направите ова, но сосема сами…

ECA

Денеска е Преподобен Исакиј Далматски.

Овој Исакиј во четвртиот век беше монах-пустињак некаде на Истокот. Кога слушна за ереста на Ариј што го брануваше главниот град на империјата, ја остави пустината и дојде во Константинопол да учествува непосредно во борбата против аријанците. Во тоа време во Константинопол царуваше Валент. Кога овој се подигна со војска против Готите, Исакиј неколку пати го предупредуваше да ја ослободи црквата од ариевата ерес и најпосле му прорече дека ќе погине во борбите, што и се случи. А кога на тронот дојде Теодосиј Велики, кој слушна за ова пророштво, го повика при себе Исакиј и му се поклони. Во Цариград некој велможа му изгради манастир на Иса¬киј, каде светителот се подвизуваше до крајот на животот. Пред смртта му ја предаде управата на манастирот на некој Далмат, по кого и самиот манастир беше наречен Далматски. Свети Исакиј се упокои мирно во 383 година.

Денешниот ден се нарекува и храна за душата. Денеска кој ги чита зборовите Божји сосема сам и ќе ја прочита цела Библија со разбирање, тој на својата душа ѝ дава храна, сила и светлина. Кој може, тој треба да ги чита зборовите Божји од Светото писмо, а кој не може, тој треба да го слуша тоа што се чита. Многу е корисно и од помош да се прочита целата Библија со разбирање.

Со тоа Бог му дава на човека од својата милост и го исполнува со дарба за разбирање. Кога човекот ќе ја нахрани својата душа со зборови Божји, тој се исполнува со разбирање за она што е добро, а што е зло.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts