vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Дневен хороскоп за 21 октомври – Можна нова врска за Биковите, Близнаците ги очекува авантура…

ECA

Дневен хороскоп за 21. октомври 2018 година

ОВЕН

Работа: Се вртите во круг помеѓу ѕидовите на сопствената тврдоглавност. Тоа кај соработниците создава непотребен притисок во работата, и не сакаат да бидат дел од таа приказна. Размислете да ја смените стратегијата.

Љубов: Имате заеднички теми со партнерот, и добро се надополнувате. Сепак, се повеќе има точки на разминување. Побарајте баланс во романтичните моменти или во некое патување.

Здравје: Проверете ја крвната слика.

БИК

Работа: Вие сте од позиција на тивок рабодник кои ги исполнува задачите и прераснува во идеален водач на работата. Колегите сега ги гледаат работите од друга перспектива. Некои поради тоа ќе ви бидат благодарни, а некои во вас ќе видат пречка.

Љубов: Вага е хороскопскиот знак кој може да ви донесе радост. Нивната ненаметлива енергија ќе ви годи. Можна е нова врска.

Здравје: Можни проблеми со вратот и грбот.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Напнатоста расте, бидејќи не успевате да ги фатите конците на новиот животен циклус во кој сте влегле. Околностите стануваат се потешки, и не знаете од каде да почнете. Нерешените работи или спорови дополнително ве успоруваат.

Љубов: Некому сте привлечни и недопирливи во ист момент. Давате нејасни сигнали, па оној кој ве обожува не знае на што може да смета. Можна авантура со некој воден знак.

Здравје: Проблеми со васкуларниот систем.

РАК

Работа: Непрекинато сте во расчекор со работното опкружување. Или прекасно се активирате во текот на денот, или не сте во полна активност во текот на целата работна недела. Тоа ве спречува да направите значаен резултат.

Љубов: Сонувате за далечна среќа, додека пропуштате моменти низ кои поминувате. Можеби она кое го барате е блиску со вас, до толку што ќе се сопнете.

Здравје: Алармот за драстичен пад на имунитетот е вклучен.

ЛАВ

Работа: Ги измешавте работата и задоволството, и тоа може да стигне за наплата. Изгубивте контрола над личните финансии. Еден Јарец би можел да ви биде од голема помош.

Љубов: Добра вест е дека се појавила личност која во вас гледа како во сонце. Лоша вест е што сето тоа ќе заврши уште пред да почне.

Здравје: Добро.

ДЕВИЦА

Работа: Денеска е одличен ден за договорање на работи ако нешто продавате. Она што нема да го реализирате во текот на денот, во наредниот период ќе се остварува. Немате причина за грижа.

Љубов: Партнерот би можел да биде многу лут затоа што се заборавиле на некој заеднички план или договор. Премногу сте ментално отсутни.

Здравје: Проблеми со слухот.

ВАГА

Работа:Една личност во знакот на Девица мое да ви биде талична кога е во прашање вашиот хороскоп. Вие сте тимски играч, и ги гледата работите во светло како што другите не ги гледаат. Искористете ја својата моќ на проценка за најдобри решенија за подобри приходи.

Љубов: Сеќавање на минатото ви буди добри спомени. Некому ќе му биде драго да мине време со вас.

Здравје: Мали проблеми со репродуктивните органи.

ШКОРПИЈА

Работа: Со нервозата и истерувањето на правдата нема ништо да постигнете. Ако некој одбива да ве слуша, тоа е поради тоа што не сте нашле вистински начин да му се обратите.

Љубов: Отворени сте за нови познанства, но можеби за повеќе стари и недовршени приказни. Можеби ќе ве привлече некој кој што е зафатен, и ќе бидете многу упорни за да го заинтересирате.

Здравје: Чувајте се од остри предмети.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Веќе некое време ве „демне“ некој да му направите услуга кај некоја трета личност. Внимавајте во што се впуштате, затоа што денеска сте магнет за „енергетски вампири“.

Љубов: Ве привлекува некоја нова личност. Сте се запознале случајно на работа, или на некое место, а искрите се присутни на двете страни.

Здравје: За сите се грижите, но не и за себе. Систематски преглед не е местото каде што „јадат“ луѓе, слободно посетете лекар.

ЈАРЕЦ

Работа: Вие поседувате моќ да направите круг во кој сите ќе бидат задоволни. Поради тоа вашите соработници ве почитуваат и сакаат да ве следат. Нормално, секогаш има некој што сака саботажа.

Љубов: Станавте малку љубоморни, што не е типично за вас. Партнерот не му одговора кога е под „лупа“.

Здравје: Главоболки.

ВОДОЛИЈА

Работа: Организацијата денеска не ви е силна страна, па се губите во многу хартии, планови и обврски. Можно е да морате да работите и некоја работа двојно, затоа што се ја заобиколиле стандарната процедура.

Љубов: Посветете се на себе си. Ако партнерот од прва не ве разбира, прифатете промена, и ќе бидете посмирени и поконструктивни.

Здравје: Успешно го пројдовте најтешкиот период кога е во прашање болест која се закануваше да стане хронична.

РИБИ

Работа:Вие се пронаоѓате во големи тимови и во проекти. Кога тоа ќе се поклопи со оа што најдобро знаете да го работите, успехот е неизбежен.

Љубов: Нема потреба да се сожалувате, и да се ставате во улога на жртва. Овој свет е доволно голем да бидете заробени во една приказна која нема перспектива.

Здравје: Не е лошо.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts