vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Дневен хороскоп за 25. ноември 2018 година

ECA

ОВЕН Работа: Доколку денеска вашиот ден е работен, вие барате соработници. Немате премногу време да се оддалечувате на локации кои не ви се на дофат. Љубов: Семејството е заедно. Партнерот и вие денеска одлично соработувате. Здравје: Намалете го внесот на брза храна.

БИК Работа: Комуникацијата мора да се засили со сите колеги. „Наоружајте“ се со аргументи. Љубов: Магична личност од странство може да ве заинтересира. Тие кои се во врска ги очекува долг и тежок разговор. Здравје: Нервоза влијае на вашиот нервен систем. Медитирајте.

БЛИЗНАЦИ Работа: Правете шанса да се свртите кон нова работа. Пишување, издаваштво би можело да тргне кон своето освојување. Љубов: Врските кои се стабилни ќе останат така. Оние кои се „нишаат“ ќе пробаат да ги смират страстите. Здравје: Избегнувајте ги сите работи кои ќе ви донесат воспаление.

РАК Работа: Добра комуникација со друг Рак. Одлично се разбирате и поддржувате, и давате корисни совети еден на друг. Љубов: Романтична средба. За почеток само разговор. Здравје: Добро се чувствувате.

ЛАВ Работа: Се занимавате со себе си, со својата внатрешност. Не е потребно да се истакнувате премногу. Љубов: Тешко ви е да зборувате за емоциите или сте се заљубиле во личност која е многу млада од Вас, па не сте во состојба тоа да го кажете. Здравје: Понекогаш барате причина да бидете болни. Намалете ја хипохондријата.

ДЕВИЦА Работа: Имате преголема одговорност за другите. Дали тие ги ценат доволно вашите напори? Љубов: Емотивни блокади, кочници… Ако воспоставите отворен разговор со саканата личност, тогаш полесно ќе ги избегнете несогласувањата во врската. Здравје: Важно е да ја одржите самоконтролата.

ВАГА Работа: Одличен ден за кариера, популарност, пари. Немојте да ја пропуштите шансата да се покажете во најдобро светло. Љубов: Полни сте со сјај. Ново познанство е пред вас, доколку сте сами. Здравје: Одлично.

ШКОРПИЈА Работа: Започнете го денот со важни соработници. Имате големи шанси за добар договор. Љубов: Партнерот бара повеќе нежност, внимание. Вие го запоставувате поради работа. Зддравје: Чувајте ја кичмата. Многу работите, се трошите.

СТРЕЛЕЦ Работа: Размислувате за големи пари кои морате да ги заработите. Пред вас е работа која ви носи задоволство и зголемување на буџетот. Љубов: Бидете трпеливи ако ја сакате личноста која ви се допаѓа. Тоа е личност околу која морате добро да се потрудите. Здравје: Притисокот ви варира.

ЈАРЕЦ Работа: Очекувате од една млада личност во знакот на Рак да ви помогне. Имате добра соработка и со Близнаци. Можете да се надевате на пари. Љубов: Партнерот ви е на прво место, и затоа ќе уживате во љубовта. Здравје: Не сте претерано загрижени.

ВОДОЛИЈА Работа: Користете ја својата внатрешна сила, интуиција да напредувате. Имате средба со клиенти кои доаѓаат од Северна Америка. Љубов: Добра шанса за сите слободни Водолии е личност која има развиена харизма за говорник. Здравје: Морате да се грижите повеќе за своето здравје. Често ви паѓа имунитетот.

РИБИ Работа: Можете да се препуштите на соработниците. Оние се во овој момент тие кои имаат повеќе сила, енергија да се носат со задачите. Љубов: Добар дел од денот ќе го минете сами, вечерта ве очекува подинамичен дел. Сакате ноќни забави. Здравје: Избегнувајте енергетска храна, особено навечер.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts