ЗАБАВА ХОРОСКОП

Дневен хороскоп за 26 септември

ECA

Овните се хипохондрични, Биковите страствени со Шкорпиите, Близнаците вртат нов лист, Лавовите откриваат тајни.

Ова е хороскопот за периодот 26 септември.

Овен

Доколку се занимавате со приватен бизнис, тоа мора да е под позитивното влијание на Месечината. Што и да направите ќе биде успешно, затоа не мирувајте.

Ве привлекуваат повозрасни личности, кои се успешни во својата работа.

Хипохондрични сте.

Бик

Ќе сакате да одморите, но денес ве очекуваат многу обврски. Ништо не може да ви го држи вниманието долго, сепак. Сакате хедонизам.

Чувствувате заљубеност и силна страст кон една Шкорпија. Средбата со оваа личност е неизбежна. За оние кои се во врска, зближувањето со партнерот е важно.

Здравјето е добро.

Близнаци

Полето на приватниот бизнис ви е особено поволно. Меркур се движи во директен од, па проблемите веќе нема да се повторуваат. Свртете нов лист, денес.

Полето на љубовта ви е особено активно. Можеби ќе бидете доведени во големо искушение.

Посетете гинеколок/уролог.

Рак

Окружени сте со луѓе кои ги цените, но кои зборуваат лоши работи постојано за работата.

Имате огромна страст кон личност родена во знакот Шкорпија, Бик или Вага. Ве очекува незаборавен ден.

Внимавајте на исхраната.

Лав

Потсвесно се одалечувате од идејата за промени, бидејќи сметате дека ова не е вистинско време за тоа.

Некои тајни ќе бидат откриени и ќе бидете доведени во непријатна ситуација во текот на денот.

Ве очекува напорен ден, пробајте да се опуштите.

Девица

Денеска ќе бидете сконцентрирани на себеси и на своите финансии.

Ви се допаѓа една личност која е во ваша близина, но ништо посебно не се случува на тоа поле. Морате да бидете трпеливи.

Можен е стомачен вирус.

Вага

Денеска имате одлична енергија за потпишување нов договор или започнување на нова работа или бизнис.

Чувствувате голема страст кон една Шкорпија. Таа ви е приоритет во моментот.

Немате апетит.

Шкорпија

Ако имате конфликт со еден Рак, не трудете се да и наметнете притисок на таа личност, туку оставете ги работите такви какви што се.

Ова е совршен ден за нешто посебно на полето на љубовта. Ако се наоѓате во тајна љубовна врска, работите конечно ќе тргнат во ваша корист. Бидете уште малку трпеливи.

Пијте доволно течности.

Стрелец

Веќе некое време сте под притисок на планетата Сатурн, не сакате да дозволите некој да манипулира со вас и да премолчите некои работи.

Можно е да започнете тајна љубовна врска со личност која ви е добар пријател. Подготвени сте за љубов.

Ќе ве мачи нервоза во текот на целиот ден.

Јарец

Доколку соработувате со еден Рак, избегнувајте тешки зборови и конфликти, бидејќи оваа личност има свои квалитети, но не е во можност да ги покаже денеска.

Малку се плашите од љубовта поради некои случувања од минатото, но чувствувате убави чувства кон некоја личност. Не се плашете.

Имате силен апетит. Трудете се да се храните поздраво.

Водолија

Сакате да работите со полно срце и во таа цел никој не може да ве запре. Занимавајте се и со некои лични теми и детали врзани за вас.

Ве привлекуваат паметни и искрени личности. Не сакате да се занимавате со некој кој е околу вас, но кој лошо се изразува и нема мотивација да ве засмее.

Здравјето е солидно.

Риби

Ако работите со еден Јарец, не трудете се да ја шармирате таа личност, бидејќи нема да ви успее. Бидете чесни и искрени во работата.

Денес ќе почувствувате посилна сексуалност и ќе сакате да уживате.

Хроничните болни треба да се повнимателни.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts