vesti24.mk
ЗАБАВА ЗДРАВЈЕ ХОРОСКОП

Дневен хороскоп: Секој знак со здравствени проблеми, дознајте кои се вашите

ECA

ОВЕН

Работa: Работната ситуација не ви е стабилна и тешко ви е да се помирите со тоа. Ве очекува неповолен период.

Љубов: Ве очекува фаза на оддалечување од саканата личност. Можно е да стравувате од прекин на врската.

Здравје: Проблеми со вкочанет грб.

БИК

Работа: Сфативте дека големиот дел од работата морате да ја превземете на себе и денеска на соработниците не може да се потпрете.

Љубов: Може да очекувате солидна ситуација во врска со саканата личност. Пред вас е поволен ден.

Здравје: Добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Не сте подготвени да прифатите нови одговорности. Си давате себе си реме малку да одморите од новите работни предизвици.

Љубов: Потребно ви е некое време да размислите дали сте подготвени за брачна заедница.

Здравје: Проблеми со кичмата.

РАК

Работа: Неповолен ден за промени на полето работа. Новите понуди добро разработете ги и видете дали зад нив се крије нешто.

Љубов: Во потрага сте по ново познанство. Но не ви е лесно да ги отпуштите кочниците.

Здравје: Ќе ви годи диета.

ЛАВ

Работа: Ако сте планирале да почнете нова работа, денешниот ден ви е поволен. Ќе имате поддршка од опкружувањето.

Љубов: Доколку сте во емотивна врска, пред вас се важни одлуки во врска со партнерот.

Здравје: Водете сметка за забите.

ДЕВИЦА

Работа: Доколку планирате да се занимавате со формалности, хартии или судови, тогаш денешниот ден ви е поволен.

Љубов: Сакате да влезете во нова врска, но особата која ви значи, на некој начин, е далеку од вас.

Љубов: Водете сметка околу исхраната.

ВАГА

Работа: Ќе добиете помош која ви е неопходна за да ги решите проблемите на работното поле.

Љубов: Вашата љубомора ќе направи повеќе проблеми во емотивната врска. Пред вас е период на караници и тензии.

Здравје: Проблем со несоница.

ШКОРПИЈА

Работа: Нема да ја добиете работата која сте ја очекувале. После мало разочарување, доаѓа време да продолжите понатаму.

Љубов: Партнерот делува нервозно и ви смета тоа што константно внесува тензија во вашата врска.

Здравје: Водете сметка за урогениталниот тракт.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Мора да покажете дека сте подготвени максимално да се посветите на своите обврски. Ви се ближи унапредување.

Љубов: Сте се оладиле од саканата личност и сериозно размислувате за прекин на врската.

Здравје: Хронични проблеми.

ЈАРЕЦ

Работа: Немојте да се препуштате во рацете на другите луѓе и на туѓите одлуки. Време е да се потпрете повеќе на себе.

Љубов: Може да се надевате на интересно познанство со личност која во вас ќе разбуди радозналост.

Здравје: Редовно проверувајте го притисокот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е денеска да бидете премногу уморни за да можете да го извлечете максимумот од себе доколку денот ви е работен.

Љубов: Ви се враќа чувството на незадоволство кое сте го имае и порано во вашиот брак. Понекогаш ви е тешко.

Здравје: Водете сметка за градите.

РИБИ

Работа: Доколку покажете упорност, може да очекувате резултати кои би биле повеќе од задоволувачки за вас.

Љубов: Можно е во моментов да владее затишје помеѓу вас и особата која ви се допаѓа.

Здравје: Водете сметка за грлото.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts