vesti24.mk
ЗАБАВА

Дневен хороскоп 06.05.2018 (Недела)

ECA

Овен (21.03 – 20.04)

Препорака е да останете фокусирани на полето на својата професија, не се мешајте во она во што не сте добри. Проблематичен период на полето на љубовта, обидете се да ги сослушате примедбите од партнерот, тоа е многу важно.

Бик (21.04 – 21.05)

Во компанијата, но и надвор од неа ќе се слушне за вашите професионални успеси и можно е да добиете разни понуди. Ако се сомневате во намерите на партнерот, кажете му го тоа отворено без навлегување во споредни теми.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Понекогаш треба да ги уважите оправданите критики кои ги добивате од други лица. Расположени сте за кавга и натпревар со партнерот, но која ви е целта? Смирете ја ситуацијата со цел да не излезе од контрола.

Рак (22.06 – 22.07)

Ако ви пречи однесувањето на некој од колегите, слободно кажете му го тоа. Со озборување нема да постигнете ништо, а постои шанса тие лоши приказни да бидат свртени накај вас. Со партнерот сте во одлични односи.

Лав (23.07 – 22.08)

Од вас се очекува многу но сепак вие во моментов не сте расположени да дадете се од себе. Ве надвладале лоши мисли и не знаете како да излезете од тој круг. Доверете му ги на некого своите проблеми и побарајте совет и поддршка.

Девица (23.08 – 22.09)

Малку ви здосадила работата со која се бавите. Слободното време искористете го конструктивно, посветете му се на семејството во кое ќе дојде до позитивен пресврт. Имате поддршка од страна на партнерот во се. Можни се кардиоваскуларни проблеми.

Вага (23.09 – 22.10)

Задоволни сте со себе и сатисфакција ви е работата која ја обавувате. Вашите идеи и проекти се доста добри и можат да наидат на општо одобрување. Љубовната ситуација може да биде нарушена со погрешни проценки. Задоволни сте со својот изглед.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе ви бидат укажани добри деловни можности. Секоја работа која подразбира креативност и познавање на странски јазици ќе ви донесе добивка. Постои можност од заљубување во личност која е позната во јавноста. Можно е да ве мачи несоница.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Она за што сонувате би можело да се случи, особено во врска со некој страствен знак како Шкорпија или Јарец. Можна е тајна врска со некој кој го среќавате во деловните кругови или ако имате намера некаде заедно да патувате.

Јарец (22.12 – 20.01)

Околностите ќе ве поттикнат на промени во однесувањето, при што најсилни сојузници ќе ви бидат енергијата и вербата во себе. Денот ќе го поминете во тесна комуникација со другите. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите.

Водолија (21.01 – 19.02)

Убаво разгледајте ја целата ситуација пред изработувањето на планот. Поради денешните должности воопшто ќе немате време за забава. Многу важно во моментот е да соработувате и да ги послушате советите од поискусни луѓе.

Риби (20.02 – 20.03)

Вашата популаност во друштвото ќе порасне, а љубовната врска ќе достигне нови продлабочени димензии. Посветете и се и на работата, извршувајте ги задачите. Наскоро ќе излезе нешто од што ќе профитирате, па ќе имате можност на тој начин да ги исплатите вашите долгови.

Loading…

Loading...

Related posts