ЗАБАВА ХОРОСКОП

Доаѓа период на Вагите- ова се карактеристиките на луѓето родени во овој знак

ECA

Вагите се личности родени во периодот меѓу 23 септември и 22 октомври, па така можеме да кажеме дека тие се вистински есенски знак. Со Вагите владее Венера, која е симбол за љубов, убавина, хармонија и тие се вистинските карактеристики на оние кои родени во овој знак.

Вагите се прилично врамнотежен знак. Тие се отворени, добри, друштвени личности кои имаат одлична смисла за убавина и уметност, а особено смисла за правда. Тие не се „дрвени адвокати“ туку многу им пречи неправдата и секаде се обидуваат да се борат со неа. Тие не се премногу снаодливи личности,ниту пак се агресивни. Сите Ваги кои ќе ги запознаете се мирни и харизматични личности кои избегнуваат конфликти и умеат многу дипломатски да се постават кон луѓето.

Тие се пристојни, љубезни, грациозни и никако не сакаат конфликти и насилство. Можат да простат кавга, но насилството никогаш нема да го прифатат, ниту пак простат некому.

Често знаат да бидат неамбициозни и мрзеливи бидејќи поважно им е да уживаат во животот отколку да се докажуваат некому. Не се најдобри во работа каде треба да решаваат проблеми, туку каде можат да бидат слободни и креативни.

Овие луѓе сакаат да се дружат и да минуваат време надвор и ретко ќе ги најдете како се досадуваат гледајќи телевизија. За разлика од некои знаци кои ја сакаат осаменоста, за нив тоа е како казна.

Сепак, нивната лоша страна е нивната неодлучност и тешкотија при донесувањето на одлуките. Тешко им е да изберат страна или пак да изберат меѓу повеќе решенија. Многу често, затоа и повеќе се потпираат на туѓото мислење и тоа им е многу важно. Често знаат да бидат сомничави и да не им веруваат на луѓето и во сите ситуации да бараат повод за барање на правдата. Знаат да носат непотребен товар кој им создава голем стрес, и се претвораат во енергетски вампири.

Тие се сериозни, строги и силни личности кои на другите им делуваат далечни и недопирливи. Често се трудат да ги задоволат другите луѓе и да бидат љубезни дури и кога ништо не чувствуваат за нив.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts